Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уметниците од Кооперација ги изложуваат своите архиви

0
By on April 18, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уметничката формација Кооперација, која стана позната по изложбите во напуштени и алтернативни простори низ Скопје, најавува нов настан – изложбата „Утопии/ Дистопии: документи“.

Целта на овој најнов проект на Кооперација е да го отвори прашањето за идеализираните мега-проекции за иднината во општеството и (не)успехот на ваквите конструкти преку конкретни уметнички интервенции токму во јавниот простор како точка во која се вкрстуваат различните интереси, тенденции и интерпретации и ја конституираат општествената реалност.

„Во демократското општество сфатено како континуиран процес на постојано реконфигурирање, ваквите времени уметнички интервенции во јавен простор се од клучна важност, имајќи ја предвид способноста на уметноста на специфичен начин да ги обликува, одрази, критикува и редефинира идеалите и противречностите на/во општествениот контекст во кој самата делува. На тој начин, уметноста, која се противи на дефиниција и канонизација, единствено може да биде сфатена како платформа на истражување, преиспитување и артикулација на индивидуалниот говор и израз на плурализмот манифестиран во урбаниот предел исполнет со различни знаци и претпоставени значења, некогаш компатибилни, но и остро спротивставени.“, велат авторите од Кооперација

Овојпат Кооперација настапува во широк состав и со гости уметници од странство, со свои архиви за интервенции, акции и перформанси учествуваат: Мирна Арсовска, Ивана Драгшиќ, Александар Спасоски, Оливер Мусовиќ, Игор Тошевски, Харалд Шенкер, Инес Ефремова, Славица Тошевска, Дијана Богдановска, Тихомир Јанчовски, Владимир Неделковски, Ѓорѓе Јовановиќ, Јана Јакимовска, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Данило Мандиќ, Владимир Јанчевски, Миле Ничевски, Даниел Гонц од Романија и Синиша Лабровиќ од Хрватска.

Изложбата е најавана за во сабота, 20 април, ќе биде отворена во 20 часот и ќе трае само 2 часа. Адресата е: Архитектонско студио „Архитектри“, ул. Франклин Рузвелт, бр. 68, 1/2 (прв кат).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.