Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНДП ќе ги поддржи реформите за фискална децентрализација, јавните финансии и економскиот развој

0
By Нова ТВ on April 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 26, 2021 11:39

Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето на подобар систем на јавни финансии, воопшто. Денеска помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, кој предвидува соработка во повеќе области.

Предвидена е поддршка во реформите на јавните финансии и фискалната децентрализација, зајакнување на фискалната автономија и капацитетите за прибирање на приходи на локалната самоуправа, размена на најдобрите практики за фискална децентрализација, спроведување на активности од Акцискиот план за сузбивање на сивата економија и поддршка на развојот и либерализацијата на финансискиот пазар.

– Спроведувањето на реформи за креирање на подобар систем на јавните финансии и фискалната децентрализација се меѓу врвните приоритети на Министерството за финансии. Поддршката од нашите меѓународни партнери преку размена на искуства и стручна поддршка при дизјанирање и спроведување на реформите е од непроценливо значење за процесот и за нас. Со Меморандумот кој го потпишавме денеска се уредува соработката на Министерството за финансии со УНДП, која опфаќа навистина амбициозен план на активности, меѓу кои формирањето на фондовите за изедначување и за успешност кои ќе го подобрат пристапот до финасии на општините. Исто така, предвидени се активности за сузбивање на сивата економија, како креирање на дигитална платформа, како и активности за зајакнување на капацитетите за спроведување на новиот Закон за буџети, особено во делот на Фискалниот совет – посочи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Постојаната претставничка на УНДП Сахакјан посочи дека УНДП ќе го поддржи процесот на унапредување на фискалната децентрализација преку советодавна помош и пилот механизми за финансирање на јавни услуги на локално ниво.

-Денес ја реафирмиравме нашата заедничка заложба со Министерството за финансии да го забрзаме напредокот кон Целите за одржлив развој преку спроведување на ресонзивни и инклузивни политики, зголемување на отчетноста на јавните институции и забрзување на реформите во управувањето со јавните финансии и фискалната децентрализација. Зголемувањето на моќта на заедниците преку фискалното јакнење на локалните власти и целиот поднационален систем на владино финансирање се интегрални делови од политиките и стратегиите кои се потребни за достигнување на Целите за одржлив развој. Затоа, УНДП ќе го поддржи развојот на законската рамка за фискална децентрализација преку советодавна помош и пилотирање на механизми за финансирање на јавни услуги на локално ниво – рече Нарин Сахакјан, постојана претставничка на УНДП во земјава.

Планот за соработка на Министерството за финансии со УНДП се состои од 13 активности од кои најголем дел се посветени на заложбата за унапредување на фискалната децентрализација. Меѓу активностите, се и формирањето на Фонд за изедначување и Фонд за успешност за општините кои ќе го подобрат пристапот до финансии за општините кои се залагаат за јакнење на капацитетите за наплата на локални давачки. Предвидено е утврдување на индикатори за следење на фискалната децентрализација, зголемување на ефикасноста при наплата на локалните даноци, подобрување на ефективноста и профитабилноста на јавните претпријатија во општините, како и зголемување на транспарентноста и отченоста на општините.

Исто така, предвидени се и активности во однос на утврдување на вредноста на меѓународни трансфери на правните лица за даночни цели (трансферни цени), електронска размена на информации за даночни цели, активности за сузбивање на сива економија, зголемување на капацитетите на Министерството за финансии за спроведување на новиот Закон за буџети по неговото донесување и воспоставуање на оддел „Вредност за парите“ кој ќе го мери импактот на инвестициите врз економијата и нејзиниот развој.

Од двете страни беше посочено дека градењето на подобар систем на јавни финансии, преку спроведување на реформи во повеќе области, ќе придонесе до забрзан економски развој, што пак ќе придонесе за креирање на подобри услови за живот и раст на стандардот на граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.