Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНЕСКО – лобирање против идентитетот

0
By Zoran Ivanov on July 11, 2025 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Па, за што тогаш се лобира во Унеско? За заштита на уништувањето? За што се купува време? За “исклучителните универзални вредности” целосно да исчезнат, па да исчезне и причината зошто воопшто Охрид и охридскиот регион е препознат од светот како “исклучително и уникатно природно и културно наследство” во светски рамки? За што се искористи времето од претходните лобирања за одложување на единствената одлука која значи (или значеше) спас за “остатоците од исклучителните универзални вредности”?

Никица Корубин

Во сенка на наводната грижа за декларативниот идентитет, и неговата флагрантна политизација преку извештајот на европскиот парламент; падна реалната (не)грижа за вистинскиот идентитет: културното наследство, и тоа она кое е заштитено од страна на Унеско – Охрид и охридскиот регион. Почетокот на летото, е време кога Унеско ги одржува своите редовни сесии и кога прави пресек и проценка на состојбата на сите заштитени подрачја во светот, под негова јурисдикција и надлежност на неговите стручни тела – за светското природно и културно наследство.

Но, почетокот на летото е и време, кога нашата влада (предводена од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ сеедно), соочена со апсолутно и систематско суштинско непочитување и неспроведување на одлуките и препораките на Унеско; почнува интензивно да лобира кај земјите членки на Комитетот за светско наследство, “политичкото” тело кое ги носи одлуките во Унеско, за промена на предлог-одлуките од страна на стручното тело – Центарот за светско културно наследство.

Преведено со речникот на пропагандата и информациите кои се пласираат во јавноста, тоа звучи вака – “го спасивме статусот на Охрид и охридскиот регион и спречвиме тој да биде ставен на листата на културно наследство во опасност”. А, единствено што е “спасено” е самоволието на “заробената држава” и нејзините лукративни интереси, кои со години одбиваат да ги спроведат препораките на Унеско, кои се всушност препораки за зачувување на нашиот автентичен идентитет – другото име за културното и природно наследство, во случајов на Охрид и охридскиот регион.

Па, ако Унеско речиси половина век, со својата стручна, финансиска и институционална поддршка, ги штити “исклучителните универзални вредности” – архитектурата, археолошкото наследство, пејасажот, урбанизмот, урбанистичкиот развој, езерото, планинините, еко-системот, регионот – а, државата и институциите, не само што ги игнорираат, туку интензивно и безмилосно ги уништуваат; тогаш кој го загрозува, а кој го штити идентитетот?

Па, за што тогаш се лобира во Унеско? За заштита на уништувањето? За што се купува време? За “исклучителните универзални вредности” целосно да исчезнат, па да исчезне и причината зошто воопшто Охрид и охридскиот регион е препознат од светот како “исклучително и уникатно природно и културно наследство” во светски рамки? За што се искористи времето од претходните лобирања за одложување на единствената одлука која значи (или значеше) спас за “остатоците од исклучителните универзални вредности”?

Па, така владата и нејзините институции може да им се заблагодарат на Казахстан и Турција, за поднесениот амандман за уште едно одложување и за “извојуваната политичка победа”; а нас можеби може и да ни објаснат, зошто лобирале да се избрише од одлуката “физибилити студијата за планирање на крајбрежната зона на Охридското езеро” или пак зошто не сакаат да има јасна “временска рамка за имплементација на сите претходни препораки”? Или да ги прашаме делегациите на Казахстан и Турција?

Па, нели за идентитетот се работи, или ова е многу сложен и “неподобен” идентитет и бара вистинска грижа, љубов и посветеност, бара идентификација со своето; за разлика од површните фрази и флоскули за “загрозеноста на македонскиот идентитет”? Идентитетот е сериозно загрозен, само од нас самите, од сите оние кои се обврзани да се грижат за него, и од сите оние кои лобираат против него, од сите оние кои ја бираат пропагандата наместо вистината, од сите оние кои институционално и индивидуално се кријат, од фелата која молчи, од “експертите” кои активно учествуваат во “привидот за грижа за културното наследство”.

И ова е единствениот идентитет кој може(в)ме да го (од)браниме. Културниот и цивилизацискиот. И така се мери вистинитоста на искажаниот збор. Од односот кон сопствената земја, кон сопственото културно и природно наследство, кон сопствените институции, кон сопствените граѓани, кон вистината, кон функционалноста на општеството и системот базиран на владеење на правото.

А, всушност односот на државата кон Унеско е пресликана матрица од односот на државата кон ЕУ – и тој е реперот за влезот на Северна Македонија во ЕУ. Доколку Охрид и охридскиот регион бидат ставени на листа на загрозено културно наследство, тоа ќе значи директен влез на Унеско со целиот стручен и едукативен (поважно од финансиски) потенцијал за управување, конзервација и заштита на културното и природното наследство; од кое ќе имаме полза сите – освен “властите и клановите” и нивниот монопол во сите сфери, кои не’ довеле до тука.

На ист начин како што влезот во ЕУ е директен влез во светот на правила, систем и експертиза, од која корист ќе имаме сите – освен истите оние погоре “опишани”, за кои “идентитетот” очигледно е само параванот и обична алатка за не-чинење. Затоа што, да беше обратно – или за да биде обратно; нема да лобираат за перцепцијата и партијата, за самите себе, туку ќе лобираат за Охрид и охридскиот регион, за културното наследство кое исчезнува пред наши очи, ќе лобираат за сите нас. Ќе лобираат за, а не против идентитетот, нашето културно и природно наследство.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

колумна Никица Корубин Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.