Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНЕСКО: Рок до февруари 2020 за запирање на уништувањето на Охрид

0
By Нова ТВ on July 5, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

УНЕСКО даде рок до февруари следната година властите да прогласат мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на Охридското езерото, во спротивно градот ќе се најде на листата на загрозено светско културно наследство.

Ова се заклучоците на Комитетот на УНЕСКО во рамки на Конференцијата за културно наследство што се одржува  во главниот град на Азербејџан, Баку.

-Согласно одлуката, Република Северна Македонија до 1 февруари 2020 треба да достави извештај за напредокот во остварувањето на останатите препораки на УНЕСКО. Врз основа на тој извештај се очекува УНЕСКО повторно да го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот во јуни 2020. 

Дополнително, на седницата на Комитетот се донесе одлука да се прошири границата на заштитеното добро, со што се вклучува и делот од Охридското Езеро во Република Албанија. Северна Македонија ја поддржа и поздрави оваа одлука, и блиску ќе соработува со Албанија во заедедничкото управување и одржување на светското наследство, соопштија од Владата. 

Од Владата преку соооштение укажуваат дека „Комитетот за светско наследство ги прифати аргументите на Владата на Република Северна Македонија и го препозна и поздрави прогресот кој е направен изминативе две години“. 

 –За време на дебатата за Охридскиот регион, земјите членки на Комитетот изразија широка поддршка за напорите на Владата за зачувување на интегритетот и автенчиноста на светското наследсво во Охридскиот регион. 

Како позитивни реформи, Комитетот посебно ги истакна активностите на Владата како укинување на плановите за ски центар и експресен пат во Галичица, проектите за колекторскиот систем и пренасочувањето на Реката Сатеска, како и носењето на новиот Закон за управување. Комитетот ја нотира и поздрави одлуката на Владата од 11 јуни за спроведување на останатите препораки на УНЕСКО„, се вели во соопштението.

 

Рокот до февруари 2020 година во име на земјата вчера го побара министерот Едмонд Адеми кој е дел од македонската делегација на Самитот во УНЕСКО, за Владата да може да ги исполни сите препораки од УНЕСКО.

За разлика од владините преставници, невладиниот сектор побара УНЕСКО без одложување да го стави Охрид на листата на земји со загрозено наследство.

Претставничка на невладиниот сектор од Австрија гласно побара УНЕСКО да не се повлекува и да ја потврди одлуката со која Охрид ќе се стави на црвената листа на земји.

Претставниците на Комитетот на УНЕСКО и на Меѓународната Унија за конзервација на пририродата (IUCN) побараа Охрид да биде прогласен за загрзено наследство затоа што „најголем дел од препораките не се исполнети“. Тие потсетија дека  за проблемите се алармирало уште од 2013 година, но наместо запирање на урбанизацијата, таа само се интензивирала и препораките се игнорираат повеќе од 21 година.

Претставничката на Меѓународниот совет на споменици и градови( ICOMOS) нагласи дека оваа мерка треба да се воведе итно за да се спречи уништувањето на културното и природното наследство и вредност.

(Видео) Дебата во УНЕСКО дали Охрид да се стави на листата на загрозено културно наследство

Регистарот покажа дека во Охрид има вкупно 1.076 дивоградби, од кои 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското езеро, , во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот.

-Законот мора да важи еднакво за сите. Ако не постапи Општината, ќе постапи државата. Тоа не е само поради УНЕСКО, туку и поради законите во земјава кои треба да се почитуваат, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

Според него, се уште можеби се гради зашто институциите треба да постапат по решението, но ако некој  не го почитува решението, ќе следува кривична одговорност.

Одговорноста за уништувањето на Охрид не е на една, туку на сите досегашни власти

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.