Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНХЦР: Лицата без државјанство се под ризик да бидат изоставени од мерките за коронавирус

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2020 14:03

„Никој не е безбеден доколку не се вклучени сите, а тоа значи да се вклучат и често невидливите популации без државјанство“, рече Филипо Гранди, Високиот комесар на ОН за бегалци

Агенцијата на ОН за бегалци, бара од владите низ светот итно да обрнат внимание на состојбата на милионите лица без државјанство и да ги следат препораките кои организацијата ги издаде денес, со цел да се осигура дека тие ќе бидат вклучени во мерките против КОВИД-19.

„На милиони луѓе низ светот им се негира правото на државјанство и правата кои тоа ги носи. Тие не постојат на хартија и најчесто живеат на работ на општеството. Загрижени сме дека во овие тешки времиња, среде глобалната пандемија, тие се под голем ризик да бидат изоставени во мерките“, рече Филипо Гранди, Високиот комесар на ОН за бегалци.

Лицата без државјанство често немаат пристап до основните услуги, вклучувајќи здравствена заштита, па така сега можат да бидат исклучени или да наидат на препреки до пристапот до тестови и третман. Некои од нив би се воздржале и не би пристапиле до услугите од страв дека нивниот правен статус може да ги изложи на ризик од задржување или депортирање.

„Мора да повториме дека исклучувањето не носи полза никому, а најмалку на глобалните заложби за ограничување на вирусот. Пандемијата може да се победи само доколку сите, без разлика на нивниот правен статус, се вклучени во мерките. Никој не е безбеден доколку не се вклучени сите, а тоа значи да се вклучат и често невидливите популации без државјанство“, рече Гранди.

Според извештаите од 78 земји има околу 3,9 милиони лица без државјанство, но вистинската бројка е веројатно далеку поголема. Без законски права и пристап до услуги, бездржавјанството остава многумина политички и економски маргинилизирани, дискриминирани и изложени на експлоатација и злоупотреби.

Во многу земји низ светот, лицата без државјанство живеат во санитарни услови кои се несоодветни или под стандардите, што го зголемува ризикот од зараза. Ограничени од својот правен статус, многумина работат во неформалниот сектор, што исто така може да ги спречи да се придржуваат кон протоколите на јавното здравје, како што се самоизолацијата и физичкото дистанцирање.

Значителен број лица без државјанство продолжено се задржуваат пред отстранување врз основа на тоа дека немаат регулиран престој и нема земја во која би биле депортирани. Покрај тоа што се крши нивното право на слобода, тие во моментов се соочуваат со потенцијално зголемен ризик за инфекција, како што укажуваат лекарските и медицинските здруженија низ светот за можните ширења на КОВИД-19 во овие центри.

УНХЦР истовремено е загрижена од можноста мерките да придонесат за зголемување на ксенофобијата и дискриминацијата кон оние кои се сметаат дека се под ризик од зараза, со оглед на тоа дека мнозинството лица без државјанство за кои се знае во светот припаѓаат на малцински групи кои се особено ранливи од дискриминација.

„Вирусот истовремено ги изложи разорните последици на бездржавјанството и итноста на потребата да се искорени. Правото на државјанство е основно човеково право и во овие кризни времиња може да значи разлика помеѓу живот или смрт“, рече Гранди.

За да се обезбеди заштита и вклучување на лицата без државјанство во мерките на јавното здравство, УНХЦР издаде упатство со политики и добри практики.

Препораките вклучуваат:

• Здравствените услуги, вклучувајќи ги тестирањето и третирањето на КОВИД19, да бидат достапни за сите, без разлика на статусот државјанство или правно регулираниот престој.

• Да се постави заштитен ѕид помеѓу здравствените и имиграциските услуги во овој период за да им се овозможи на лицата без државјанство пристап до услугите без страв и ризик од апсење или задржување.

• Лицата без државјанство да бидат дел од информативните кампањи за КОВИД-19, земајќи ги предвид нивната локација, јазикот и начините на кои тие одбираат да комуницираат.

• Активностите за запишување во матичните книги, вклучувајќи го запишувањето во матичната книга на родените, да се сметаат за неодложни активности, со што тие нема да запрат и на тој начин ќе се намали ризикот од останување без државјанство заради немање правен доказ за идентитет или право на државјанство.

• Да запре задржувањето пред отстранување за лицата без државјанство и да се разгледа можноста за ослободување на оние кои се задржани поради нивниот статус на бездржавјанство.

• Да се осигура, мерките за одговор да не ги разгоруваат ксенофобијата и расната дискриминација.

• Да се обезбеди финансиска поддршка за сите кои престојуваат на територијата и кои ги исполнуваат критериумите за ранливост, без разлика на правниот статус.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.