Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти денеска дека бројот на Сиријците кои избегале од земјата во текот на шестгодишната војна надмина 5 милиони.
УНХЦР врши притисок врз земјите да ги засилат напорите за сместување на околу 500.000 луѓе од кои за половина веќе е одредено место за престој.
Портпаролот на УНХЦР Бабар Балох рече дека надминувањето на бројката од пет милиони не е предизвикано од ниту едно поединечно случување. Пред една година тој број беше 4,8 милиони, а според проценките на Агенцијата 6,3 милиони луѓе се внатрешно раселени.
Балох рече дека бројот на сисрските бегалци во Турција од февруари пораснал за 47.000, со што вкупниот број на Сиријци во Турција е 2,7 милиони.
САД се држава со најобемна програма за населување и се обврзале да примат 64.000 Сиријци, но администрацијата на претседателот Доналд Трамп настојува да го смали обемот на програмата.