Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНХЦР: Насилството е погрешно какви и да се условите

0
By Нова ТВ on April 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 11, 2016 14:58

Вчерашното насилство на границата помеѓу Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија близу Идомени и сцените со користење солзавец во големи размери предизвикаа голема загриженост кај УНХЦР. Тоа треба да биде така кај сите што се загрижени за одговорот на Европа на состојбата со бегалците и мигрантите, изјави денеска портпаролот на УНХЦР во Женева Адриан Едвардс.

– Многупати во изминативе месеци гледавме како се случуваат тензии на различни европски граници, помеѓу безбедносните сили од една страна и луѓето што бегаат од војна и на кои им треба помош од друга страна. Се повредуваат луѓе и се уништува имот. Се нанесува штета на впечатокот за бегалците исто колку и на имиџот на Европа и сите губат, сметаат во УНХЦР.

Во текот на изминатите денови, се наведува во соопштението, вниманието на медиумите и јавноста беше насочено кон начинот на спроведување на договорот помеѓу ЕУ и Турција на егејските острови и во Турција.

Притоа укажуваат дека не треба да се заборават многуте други бегалци и мигранти коишто продолжуваат да бидат засегнати од ситуацијата, посебно речиси 46.000 лица на грчкото копно коишто пристигнаа пред да стапи договорот во сила. Во Идомени, околу 11.000 лица спијат веќе повеќе недели на отворено во невидено тешки услови коишто ги поттикнуваат на безнадежност и очај.

УНХЦР изразуваат подготвеност да го поддржат доброволниот трансфер на лица кон центрите коишто ќе ги подигне грчката Влада, заедно со потребните услуги за време на регистрацијата и процесирањето. Во меѓувреме, во Идомени, УНХЦР заедно со грчката влада, грчките НВО и други партнери обезбедува храна, медицинска помош, помош за лицата со специфични потреби и превенција и одговор на сексуално и родово насилство.

– Пошироко решение – да се релоцираат оние коишто се квалификуваат за меѓународна заштита во други држави на ЕУ – е договорено пред многу месеци. Потребно е делување. Насилството е погрешно какви и да се условите. УНХЦР се надева дека Европа ќе ги преземе потребните чекори сега и остануваме подготвени дополнително да им помогнеме на владите да ги исполнат своите обврски кон бегалците, велат од УНХЦР.

бегалци Идомени македонско- грчка граница УНХЦР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.