Бројот на луѓе кои се раселени од конфликти е на највисоко ниво забележано во историјата, нотира во најновиот извештај УНХЦР.
Според проценките, 65.3 милиони луѓе се или бегалци, или баратели на азил или биле раселени во светот, што претставува еден на секој 113-ти во светот.
А токму овие бројки, објавени по повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР стравува дека се под облакот на ксенофобијата, кога крајно-десничарите и политичарите националисти, добиваат се поголема популарност зборувајќи против бегалците.
Преку половина од вкупниот број, доаѓаат од три земји, Сирија, Авганистан и Сомалија.
Според УНХЦР, 86 отсто од бегалците во светот се распределени во земји кои не се економски најподготвени за тоа. Најмногу бегалци има во Турција, околу 2.5 милиони, а потоа во Пакистан и Либан.
Германија, САД па Шведска се трите земји кои добиле најмногу апликации од азилобарателите.
И Турција според бројките би била овде, но бидејќи повеќето од сириските бегалци во Турција се под привремената безбедносна програма на турската влада, тие не се сметаат за азилобаратели.