Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Да го направиме невидливото видливо

0
By Нова ТВ on July 31, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 31, 2013 12:01


„Насилството врз децата пречесто поминува невидено, нечуено и непријавено“, ова е ставот на светската организација УНИЦЕФ која денес упати апел до обичните граѓани, законодавните домови и владите да бидат погласни во борбата против насилството врз децата.

Иницијативата се надоврзува на масовните изблици на згрозеност што уследија по неколку застрашувачки напади врз деца, како што беше застрелувањето на четиринаесетгодишната Малала Јусафзаи во октомври 2012 година во Пакистан, убиството на 26 ученици и наставници во Њутаун (Конектикат – САД) во декември 2012 година, како и групни силувања на девојчиња што се случија во Индија и Јужна Африка во 2013 година.

“Насилство врз децата се случува во сите земји и во сите култури”, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк. “Секогаш кога се нанесува штета или повреда на деца, мора гласно да ја покажеме нашата згрозеност и гнев. Мораме невидливото да го направиме видливо.”

Ова е основната порака на иницијативата на УНИЦЕФ “Крај за насилството врз децата”. Иницијативата ги повикува луѓето од целиот свет да го согледаат насилството врз децата, да се придружат кон глобалните, државните или локалните движења за негово елиминирање и да здружуваат нови идеи за насочување на заедничко дејствување кон оваа цел. Во наши раце е моќта веднаш да почнеме да се бориме против насилството, изјавува УНИЦЕФ, со што и оваа организација го приклучува својот глас на глобално ниво кон многубројните други активности што веќе се во тек.

Иницијативата беше претставена со впечатлива видео снимка во која раскажувач е амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ, актерот Лиам Нисон кој го води гледачот низ повеќе сцени што прикажуваат невидливо насилство.

“Ова е групно силување на петнаесетгодишно девојче”, вели тој додека камерата прикажува панорамски кадар на напуштено место. “Овој наставник тепа момче што му приговорило на час, додека целото одделение го гледа тоа”, вели додека се менуваат сцени на празна училница.

“Ако не можете да го видите насилството врз децата, не значи дека тоа не се случува”, вели Нисон. “Претворете го невидливото во видливо. Помогнете ни да го победиме насилството врз децата. Придружете ни се. Кренете го гласот.”

Дури и нецелосните статистички податоци што се на располагање укажуваат на потребата од преземање итни заеднички мерки и даваат претстава за размерите и степенот на насилство. На пример, според Светската здравствена организација 150 милиони девојчиња и 73 милиони момчиња помлади од 18 години биле изложени на сексуално насилство и експлоатација, а според извештај на Меѓународната организација на трудот од 2005 година се проценува дека приближно 1,2 милиони деца се предмет на трговија со луѓе.

Насилството не нанесува само физички повреди, туку остава и психички лузни врз децата. Тоа влијае врз нивното телесно и ментално здравје, ги загрозува нивните капацитети за учење и социјализација, и го поткопува нивниот развој.

На посебен микро-вебсајт и кампања на социјалните медиуми се наведуваат некои начини на кои децата, родителите и заедницата можат да делуваат –учествување во активности, доаѓање до информации, организирање на настани и форуми за јавни расправи, поддршка на деца-жртви на насилство, како и соработка со глобалните и локалните партнери на УНИЦЕФ.

Заштитата на децата е во основата на мандатот на УНИЦЕФ. Конвенцијата на ОН за правата на детето нагласува дека секое дете на секое место има право да биде заштитено од сите форми на насилство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.