Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унија на ЗМСТАС: Свечено одбележан Денот на медицинската сестра

0
By Нова ТВ on May 13, 2019 ЗДРАВСТВО
????????????????????????????????????
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на минатата недела се одржа свечената академија по повод 12.ти мај – Денот на медицинската сестра.

Започнувајќи од 5 мај па се до 12 мај секоја година сестрите ширум светот го прославуваат овој период славејќи ги имињата на Флоренс Најтингејл, Мајка Тереза, славејќи ја хуманоста.

Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ и оваа година додели признанија за особен придонес и развој на сестринството во Република Северна Македонија.

Настанот се одржа во Домот на АРМ, а официјалното отварање му припадна на државниот секретар на Министерството за здравство, Д-р Владимир Милошев, специјалист по максилофацијална хирургија.

Свое обраќање имаше и претседателот на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ – сестра Горданка Бешлиовска, заблагодарувајќи се пред многубројното членство за сплотеноста и единственоста. Говореше за новото движење на сестринската фела од формирањето на Унијата и нивните цели- Закон за сестринството и транспарентно овластување на комора на сестринството.

„Среќни сме што изминативе години ги актуелизиравме проблемите на сестринството. Изминативе 10 години за жал никој не се обиде да го подобри нашиот статус без оглед на обидите за здружување на нашата фела. ЗМСТАС – ЗА НАС и Унијата на ЗМСТАС е првото здружување кое вистински се бори за правата на сестрите во Македонија. Благодарение на нашиот глас властите започнаа да ја согледуваат потребата од промена и вреднување на нашиот труд. Измените во законот за здравствена заштита, враќањето на сестрите концесионери во јавните установи, зголемувањата на коефициентите, се само дел од нашите активности кои резултираа со успех.“ – изјави Бешлиовска.

На настанот беа доделени плакети и благодарници на тековните соработници на здружението, меѓу кои и здруженијата на пациенти „Нефрон“ и „Раст“ истакнувајќи ја силната поврзаност на сестрата со пациентот.

На крајот беа доделени  38 пофалници за најхуманите и најуспешните медицински сестри од цела република.

Наградените сестри покрај пофалницата од здружението добија рачен часовник и ангел кој го симболизира и слоганот на здружението: „Ние не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“.

Специјална пофалница за најхумана медицинска сестра Унијата и додели и на Јелена Михајлова Росо која всушност е првата главна сестра на Клиничкиот центар во Скопје.

“Еднаш медицинска сестра, секогаш медицинска сестра” беше слоганот со кој беа поздравени и почесните гости – медицинските сестри кои веќе ги користат своите пензионерски денови. Традиционално Унијата не ги заборави и посвети моменти токму на нив, на професионалноста и хуманоста која сеуште ја споделуваат со новите генерации.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.