Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уништување или спасување на меѓународниот правен поредок?

0
By Zoran Ivanov on January 14, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 14, 2026 15:38

Меѓународниот правен поредок, означува суштинско обединување околу вредности, а не околу правото секој да “прави што сака во сопствениот двор”. Затоа што инсистирањето на суверноста на државите, не значи по автоматизам амнестија за авторитарно и тоталитарно поведение внатре во државите. Барем би требало да е така.

Никица Корубин

Реферирањето на “меѓународниот правен поредок” редовно се однесува на однесувањето на Соединетите Американски Држави кон “другите”. И на никој друг. Од нивното поведение се гради реперот за тоа што е “меѓународен правен поредок”. Само ним, никогаш не им се простува ништо, што на другите така лесно им се “прогледува низ прсти”. Нивните постапки се секогаш “империјални” и “лукративни”, за разлика од постапките на другите кои се “суверенистички” и “национално легитимни”.

Па, оттаму делува речиси комично кога интервенцијата на САД врз нелегитимниот режим во Венецуела се третира како “нарушување на меѓународниот правен поредок”, ама постоењето на нелегитимен, авторитарен и опресивен режим во истата држава не се третира како “нарушување на меѓународниот правен поредок”. Што не’ доведува до прашањето: на што се темели меѓународниот правен поредок?

На формални правила и договори или на вредности? Па, самата Повелба на Обединетите нации, освен што говори за мир, начела на правдата и меѓународното право; говори и за “развивање и поттикнување на правата на човекот и темелните слободи за сите”. Па, тогаш кој го нарушува меѓународниот правен поредок со години, тие што ги почитуваат и се борат за овие вредности, или тие што ги суспендираат и негираат овие вредности?

Меѓународниот правен поредок, означува суштинско обединување околу вредности, а не околу правото секој да “прави што сака во сопствениот двор”. Затоа што инсистирањето на суверноста на државите, не значи по автоматизам амнестија за авторитарно и тоталитарно поведение внатре во државите. Барем би требало да е така. Затоа што, како тогаш се остваруваат основните вредности на Обединетите нации – “правата на човекот и темелните слободи за сите”? И дали всушност тоа е првичното нарушување на меѓународниот правен поредок, а не реакцијата на таквото поведение, кое не само што ги загрозува народите и граѓаните на тие држави, туку го загрозува и елементарниот вредносен систем на кој почива меѓународниот правен поредок?

Затоа што “меѓународниот правен поредок” не е прост збир на држави на едно место, туку систем на вредности и правила, врз основа на кои треба да функционираат цивилизирани општества. И ако е така, дали инсистирањето на тие правила, е “загрозување” или “спасување” на меѓународниот правен поредок? И зошто систематското загрозување на тие правила од различни држави, со децении, еднакво не се третира како “загрозување на меѓународниот правен поредок”?

Американската војска, после блиц-криг интервенцијата во Венецуела го спроведе Николас Мадуро на судско рочиште, воведувајќи го низ механизмите на судскиот систем на едно демократско општество. Авторитарната власт на ајатолосите во Иран, ги егзекутира сопствените граѓани на улиците на иранските градови, и се спрема за линч на уапсените, без било каков судски систем на едно цивилизирано општество, какво што треба да биде Иран, според “правилата на меѓународниот правен поредок”? Па, зошто тогаш нема повик до нив, за “нарушување на меѓународниот правен поредок”?

Зарем имаат суверено право да прават што сакаат, надвор од цивилизациските правила на “меѓународниот правен поредок”? И, ако е така, тогаш кој го нарушил меѓународниот правен поредок, уште пред многу години? И како тој “меѓународен правен поредок” да се спаси, со “моќта на вредностите на кои почива” или со “слабоста на правилата кои се брутално и арогантно злоупотребени”?

Времето на комоција, лицемерие и лажна грижа е одамна поминато. Разликата во реакцијата на “американските и европските прогресивци” на случувањата во Иран, во однос на случувањата во Газа е толку драстично и радикално различна, колку што е всушсност различна “вистинската vis a vis лажната” грижа за ефективен и функционален меѓународен правен поредок. Затоа што жртвата е секогаш некој друг, а соучесништво преку “подобно морално поведение” е лажно достатно како супститут за спремност за вистинска жртва, каква што е сега борбата во некогашната славна Персија.

И во пауза од ламентирањето и оплакувањето на “меѓународниот правен поредок”, можеби треба да се обрне внимание, дека всушност на еден брутален, директен и неконформистички начин, всушност сведочиме на битка за спас на “меѓународниот правен поредок”. На вредностите и на суштината на “западната цивилизација”. Кое е единствениот место каде што може да говориме за и да ги практикуваме “правата на човекот и темелните слободи за сите”, на кој почива тој меѓународен правен поредок.

Тешко е и мачно е? Не е модерно и демагошки исправно? Е па таква е суштината на вредностите и борбата за нив. Не е ПР приказна од “безбедна дистанца” приватно и колективно, не е позирање и глумење; туку е жестоко и отрезнувачки. Кои се вредностите кои ги пропагираме и кои се вредностите според кои сме спремни да живееме. И ние како индивидуалци и другите како нас, во општествата за кои сме толку загрижени. И каков е патот да го сочуваме она за кое толку (малку) сме свесни и спремни.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.