Политичката партија УНИТЕТИ го поздравува чекорот на НАТО да ја покани Црна Гора во Сојузот.
– Црна Гора направи историски исчекор во зацврстување на својата државност. Истовремено изразуваме разочарување од домашната политика, која веќе неколку години нема направено ниеден чекор напред враќајки ја земјата во нестабилна и кревка држава. Демагогијата на биномот ВМРО-ДПМНЕ/ДУИ со немањето на политичка понуда, од политичката и економската криза која секој ден се повеќе се продлабочува, од разните коруптивни и криминални афери, ја изолираа земјата додека со нивните анти ЕУ и НАТО постапки ја уназадуваа земјата во интегративните проциси, велат од партијата.
УНИТЕТИ смета дека граѓаните на Македонија се разочарани од политичкото, економското и социјалното стагнирање на земјата како и од нереализирање на ветувањата, посебно од албанската партија во власта ДУИ која последните години раководи со соодветните ресори и не сноси никаква одговорност за изолација на земјата.




