Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уранија Пировска: Зад апсењата стои политичка конотација

0
By Нова ТВ on January 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 12, 2014 13:27

“Јас не очекував во никој случај дека премиерот или владата ќе излезат и ќе признаат дека во Македонија има политички затвореници, бидејќи сето тоа како што гледате е добро козметички запакувано во сите акции коишто ги спроведува полицијата и се третира како чин на спасување на земјата од криминалот», вели Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Таа смета дека дека јавноста, покрај недостатокот на слободни медиуми, е «свесна дека во сите овие случаи на големи апсења фактички во позадина стои една политичка конотација». Според неа, начинот на којшто се спроведуваат овие акции зборува за тоа дека власта има многу јасна интенција да покаже дека не се плаши да ја користи моќта за да покаже како може да завршат сите оние коишто размислуваат спротивно на политичките партии коишто се на власт и политиките коишто ги спроведува оваа влада.

Пировска смета дека и при изрекувањето мерка притвор постои еден селективен пристап. «Ќе го земам еве случајот Фаланга, на Паско Кузман му беше одреден куќен притвор, додека на сите други да речам случаи за кои исто така се шпекулира дека имаат политичка заднина им беше одредена мерката притвор. Последниот случај којшто ја потресува јавноста е случајот со Шиповиќ. Знаете, решенијата за притвор се носат со буквално истите образложенија, не се води сметка, затоа што ние укажуваме, сугерираме и забележуваме дека не може да се одреди мерка притвор без притоа судот да објасни многу стриктно, јасно и конкретно зошто смета дека таа мерка треба да биде одредена за лицето коешто е да речеме под сомнение дека сторило кривично дело. Значи во случајот Шиповиќ не беше објаснето како тој би можел да влијае на евентуалните сведоци, беше наведено само дека постои можност тој да не биде достапен за органите на прогонот и тука отстапува судот од она што претставува факт, бидејќи целата јавност знае дека Шиповиќ, од самиот момент кога почнаа да се одвиваат настаните, даде до знаење дека ќе се стори достапен за правдата и дека ќе биде достапен за органите на прогонот» вели Пировска.

Случајот на новинарот Томислав Кежаровски е уште полош: «Тоа е типичен, да речам, акт на оваа власт во загрозувањето на слободата на медиумите. Прво од проста причина што станува збор за новинар. Во регионот едноставно нема таков случај новинар да биде притворен со притвор со толку долго траење и тоа за работа за која што кај нас Уставот многу строго и децидно утврдува дека е забранета. Значи, нашиот Устав утврдува дека на новинарот никогаш не може да му се бара да даде информација за изворот на информациите до коишто дошол во одреден случај. Тука се случи едно драстично отстапување од правдата и од законот, особено што во случајот Кежаровски има многу нејасни моменти».

Пировска вели исто така дека не очекува дека ќе бидат пронајдени сторителите на најсериозниот нападот на ЛГБТ центарот, којшто се случи во јуни. «Зборувам дека е најсериозен напад од проста причина што не беше цел објектот, туку луѓето, односно ЛГБТ заедницата, којашто во тој момент ја прославуваше Неделата на гордоста», вели Пировска додавајќи дека такви банди коишто го нападнаа тој ден центарот можат да се пронајдат за 15 минути, доколку Министерството за внатрешни работи има волја да го стори тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.