Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Урбаната приказна што недостасува

0
By Zoran Ivanov on August 6, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 6, 2025 11:36

Идниот градоначалник на Скопје, но и градоначалниците на другите урбани општини, треба да го имаат како приоритет поттикнувањето на импулсот на урбаниот живот, како на инфраструктурен, така и на културен план, со цел да се врати сонот за голема трансформација. Само на овој начин може да се врати надежта за вистински и одржлив развој на градовите, кој низ своето патување ќе стане колективна приказна на тој град.

Лорик Идризи

Во пресрет на локалните избори, веќе две децении, покрај вообичаените битки меѓу политичките партии и политичките поларизирачки наративи, е засенет сонот за големи трансформации. Иако во многу рурални општини сè уште се спомнуваат егзистенцијални прашања како канализацијата и водата за пиење, во урбаните општини се случи релативизирање на концептот на развој, кој се претвори во менталитет и кај самите граѓани, често сведено на фразата: „ни треба добар менаџер“.

Но, на урбаните општини им треба многу повеќе од добар менаџер. Еден менаџер можеби би бил оптимално решение за веќе развиена општина, но во земја што сè уште е во транзиција како нашата, потребни се иновативни, креативни и визионерски решенија. Потребен е сон за голема трансформација, нова урбана приказна што треба да биде присутна во визијата и програмата на секој кандидат кој се стреми кон водство на општината.

Во Албанија, иако концептот на „Урбана Преродба“ промовиран од Социјалистичката партија е деградиран и политизиран, во суштина носеше идеја што требаше да ја доживее цела Албанија. Сепак, како што изгледа, само Тирана ја доживеа таа идеја. Иако граѓаните на Тирана се жалат на урбаното задушување и бетонизацијата, не може да се негира дека Тирана, споредена со својата верзија од пред многу години, кога штотуку излезе од комунизмот и личеше на напуштен град, сличен на Детроит од стиховите на Еминем, денес се има трансформирано во балкански центар со урбана приказна што ја чувствуваат дури и туристите.

Тирана, и покрај корупциските скандали и проблемите со бетонизацијата, со години ја гради својата урбана приказна и големиот сон за трансформација.

Идниот градоначалник на Скопје, но и градоначалниците на другите урбани општини, треба да го имаат како приоритет поттикнувањето на импулсот на урбаниот живот, како на инфраструктурен, така и на културен план, со цел да се врати сонот за голема трансформација. Само на овој начин може да се врати надежта за вистински и одржлив развој на градовите, кој низ своето патување ќе стане колективна приказна на тој град.

Текстот е сопственост на Инбокс 7.мк

колумна Лорик Идризи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.