НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уредникот на „Афтенпостен“ до Зукербег: Не ја ограничувајте слободата

1
By Нова ТВ on September 9, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уредникот на најтиражниот норвешки весник „Афтенпостен“, Еспен Егил Хансен во отворено писмо до првиот човек на Фејсбук, Марк Зукерберг посочува на цензурата која глобалната социјална мрежа ја практикува, своеволното интервенирање без консултации и проблемите кои Фејсбук треба да ги реши за да ја подобри својата многу важна улога во светот. Писмото на Хансен ви го пренесуваме преведно интегрално:

Драг Марк Зукерберг,

Ве следам на Фејсбук, но не ме знаете. Јас сум главен уредник во норвешкиот дневен весник „Афтенпостен“. Со ова писмо сакам да ве информирам дека не се согласувам со вашето барање да ја отстранам документарната фотографија од војната во Виетнам, направена од Ник Ат.

Ниту денес, ниту во иднина.

Барањето да ја отстраниме сликата пристигна на електронска пошта од канцеларијата на Фејсбук во Хамбург во средата наутро. За помалку од 24 часа откако пристигна мејлот  и пред да имам време да одговорам, сами интервениравте и ја избришавте оваа статија, како и фотографијата од страната на Афтенпостен на Фејсбук.

Искрено, не се залажувам дека ќе го прочитате писмово. Причината, што и покрај тоа јас ќе се потрудам е, бидејќи сум вознемирен, разочаран – и можеби исплашен за она што ќе го направите за столбот на нашето демократско општество.

Најпрво малку за заднината. Пред неколку недели, норвешкиот автор Том Егеланд објави запис на Фејсбук во кој беа вклучени и седум фотографии кои ја сменија историјата на војувањето. Вие ја отстранивте фотографијата од голата Ким Фук, која бега од напалм-бомбите – што е една од најпознатите воени фотографии.

Том реагираше на ова, по што за возврат од Фејсбук беше спречен за нова објава.

Слушај Марк, работава е сериозна. Најпрво креирате правила кои не прават разлика меѓу детска порнографија и познати воени фотографии. Потоа, овие правила ги практикувате без да дадете шанса за добра проценка. На крај, ги цензурирате и критиките кон вас како и дискусијата и го казнувате оној кој се осмелил да ве критикува.

Фејсбук е задоволство и бенефит за целиот свет, вклучувајќи ме и мене, на повеќе нивоа. Јас на пример, со моите браќа за мојот 89-годишен татко контактирам преку приватна група каде споделуваме и радост и грижа.

Фејсбук стана број 1 платформа  за ширење на информации, дебата и социјален контакт меѓу луѓето. На оваа позиција дојдовте бидејќи ја заслужувате.

Но, драг Марк вие сте најмоќниот уредник во светот. Дури и за голем играч како Афтенпостен, тешко е да се избегне Фејсбук. Всушност ние и не сакаме да ве избегнеме, бидејќи ни нудите голем канал за споделување на нашата содржина. Сакаме да допреме со нашето новинарство.

Сепак, и покрај тоа што сум главен уредник на најтиражниот норвешки весник, воочувам дека ми го ограничувате просторот за да ја извршувам уредувачката одговорност. Во овој случај Вие и вашите потчинети го правите токму тоа.

Мислам дека ја злоупотребувате вашата моќ и тешко ми е да поверувам дека сте размислиле подлабоко за ова.

Да се вратам сега на фотографијата на Ник Ат. Сликата со девојката и напалм-бомбите е далеку најпозната документарна фотографија од војната во Виетнам. Медиумите имаа клучна улога известувајќи за различни приказни од војната, многу повеќе од она што одговорните сакаа да се известува. Медиумите донесоа промена во однесувањето, односно за завршување на војната. Тие придонесоа за поопширна и критичка дебата. И вака демократијата мора да функционира.

Слободните и независните медиуми имаат важна задача за споделување информации, вклучувајќи и фотографии, кои некогаш можеби нема да им се допаднат на сите, кои владејачките елити па и обични граѓани нема да можат да ги поднесат, но кои токму поради тоа може да бидат многу важни.

«Ако слободата нешто значи, пишуваше Британецот Џорџ Орвел, значи – право да им се каже на луѓето она што тие сакаат да го слушнат»

Медиумите секогаш имаат одговорност да разгледаат пред да објават. Ова е тешка одговорност. Секој уредник мора да ги види аргументите „за“ и „против“. Овие право и должност, кои сите уредници во светот ги имаат, не смеат да бидат потценети од алгоритми кои вие сте ги програмирале во вашата канцеларија во Калифорнија.

Пораката од Фејсбук до Афтенпостен
Пораката од Фејсбук до Афтенпостен

Марк, ќе те замолам да си замислиш нова војна во која децата се жртви на барел-бомби или нервен гас. Дали повторно ќе ги прикриете документираните суровости, само затоа што ситно малцинство може да се навреди од сликите од голи деца или бидејќи некој педофил би можел сликата да ја интерпретира како порнографска?

Во изјавата за мисијата на Фејсбук, во вашите цели се вели „да го направи светот поотворен и поповрзан“.

Во реалноста ова го правите многу површно.

Ако вие не разликувате детска порнографија од документирана воена фотографија, ова само ќе промовира глупавост и нема да ги поврзе луѓето.

Да се преправаме дека е можно да се создадат заеднички, глобални правила за тоа што може, а што не смее да се објавува, само фрла прав во очите на луѓето.

Последната деценија покажа до кој степен работите можат да станат непредвидливи и деструктивни работите кога при објавувањето се одбива да се земе предвид контекстот.

Контроверзноста околу карикатурите со Мухамед која се разгоре кон крајот на 2005 година и се уште останува вжештена дебата, донесе невидени последици едноставно поради тоа што контекстот и оригиналното оправдување при објавувањето беа игнорирани.

Цртежите беа ставени во сосема нови контексти, цензурирани и осудени врз база на претпоставени универзални религиозни правила. Ова резултираше со огромни протести, насилство и убиства и потенцијална закана за слободата на говорот. Некои од инволвираните лица најверојатно и понатаму живеат под полициско обезбедување.

Оригиналната објава на АФтенпостен на својата страна на Фејсбук
Оригиналната објава на АФтенпостен на својата страна на Фејсбук

Фејсбук не отиде глобално се додека оваа контроверзност не го премина прагот. Вашиот пристап, Марк, можно е да бил да се забрани објавување на цртежите за Мухамед? Ако е така, Фејсбук, стереотипно застанал на страната на екстремистичките религиозни сили, спротивно од слободата на говорот. Така би ја отфрлил индивидуалната проценка на уредникот. Оние кои бевме во центарот на случувањата во тоа време, секојдневно моравме да мислиме на „за“ и „против“ и да носиме одлуки базирани на реалноста во која живееме.

Беше, и ќе биде поразлично во Осло и Карачи.

Контроверзноста околу карикатурите покажува колку е само невозможно и нелогично да се обидеме да живееме со универзални правила за објавување во период кој е мултирелигиозен, мултикултурен, мулти-сè. Секој човек во практика се разликува географски, политички, општествено и економски.

Најмалку што Фејсбук треба да направи со цел да остане во хармонија со своето време, е географски да постави различни правила за објавување. И Фејсбук треба да прави разлика помеѓу уредници и други корисници на Фејсбук. Уредниците не можат да живеат со тебе Марк како мастер-уредник.

Овие мерки само ќе ги ублажат проблемите. Ако Фејсбук има други цели освен да биде што поголем и да заработи што е можно повеќе пари – а јас се уште сум убеден дека имате Марк, тогаш треба да направите сеопфатен преглед на начинот на кој работите.

Вие сте одличен канал за луѓето кои сакаат да споделат музика, семејни вечери и други искуства. На ова ниво – да, ги доближувате луѓето. Но доколку сакате да го зголемите разбирањето помеѓу луѓето, мора да понудите повеќе слобода со цел да постигнете целосна широчина за културолошко изразување и да се разговара за значајни суштински работи.

И секако мора да бидете подостапен. Денес  ако е можно да се контактира со претставник на Фејсбук, најмногу можеме да се надеваме на кратки и формални одговори со строги реченици за универзалните правила. Ако некој слободно се осмели да ги предизвика правилата на Фејсбук, добива како што гледаме, цензура. И ако некој протестира поради цензурата, како што гледаме, ќе биде казнет, како што во случајот беше Том Егеланд.

Можев да продолжам Марк, но некаде морам да завршам. Ова писмо ви го пишувам вам бидејќи сум загрижен дека најважниот медиум во светот ги ограничнува слободите, наместо да ги проширува и дека ова, понекогаш се случува на авторитарен начин.

Но исто така ви пишувам со надеж дека ќе сфатите, бидејќи оптимист сум дека Фејсбук ќе се отвори. Се надевам дека вашите можности ќе ги искористите на најдобар можен начин.

Искрено вашиот Еспен Егил Хансен, главен и одговорен уредник на Афтенпостен.

П.С: Во прилог коментарот на 73-годишниот карикатурист на Афтенпостен, Инге Гредум, за цензурата која ја практикува Фејсбук. Што велат алгоритмите? Овој коментар влегува во нив?

*Граѓаните може да земат учество во дебатата на Твитер и Фејсбук со хаштаг #dearmark

(превод: Влатко Чаловски, новинар во НОВА)

Афтенпостен Марк Зукерберг Фејсбук цензура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.