аматерска фотографија
Групата демонстранти предводена од раководството на ДУИ во моментов е во Бутел на местото каде што е поставен камен-темелникот за крстот. Тие го разурнаа целиот ограден простор околу темелникот и поставија шатори и албански знамиња.
Запалена е една од палмите кои неодамна беа поставени кај кружниот тек помеѓу Чаир и Бутел, и затрупан е камен-темелникот.
>> Урнат оградениот простор околу темелникот за крстот во Бутел, поставени шатори
Дел од демонстрантите на новинарските екипи им забрануваат да се приближат до местото.
На протестот се присутни и малолетници а на разглас се држат говори на албански јазик. Се очекува дел од демонстрантите вечерва да преноќат таму.
Претходно пред присутутните се обрати градоначалникот на Чаир, Изет Меџити кој порача дека протестот е резултат на верската поделба која се провоцира со поставување на крстот, бидејќи според него, на крстовите и минарињата, местото им е во верските објекти а не на сред улица.
Иако според него се работи за граѓански револт, во првиот ред предводници на поворката демонстранти беа функционерите на ДУИ.




