Нема изненадување туку голем спектакл во финалето на „US Open“. По синоќешната победа над Ричард Гаске со 6-4, 7-6, и 6-2, Рафа Надал во големото финале ќе игра со светскиот рекет број 1, Новак Џоковиќ.
За Џоковиќ ова ќе биде четврта година по ред, откако во маратонскиот меч со Станислас Варинка го победи со резултат 2-6, 7-6, 3-6, 6-3, 6-4.
„Новак е неверојатен…еден од најдобрите кој сум ги видел“, изјави Надал.
Веќе во понеделник, против Шпанецот Надал, Џоковиќ ќе има прилика да го освои вториот трофеј од овој турнир.
Она што е импресивно кај Надал е дека тој загуби само еден сет низ целиот турнир во САД, а победи на сите 16 натпревари на тврда подлога по неговиот изненадувачки пораз на Вимблдон.
Финалето кое веројатно сите фанови го чекаа, Надал против Џоковиќ, е ривалство кое трае подолго време. Играле 36 пати, повеќе од било кои други тенисери заедно. Предноста е кај Рафа, 21-15.