Рафаел Надал го уништи сонародникот Томи Робредо со губење на само четири гема, напредувајќи во полуфиналето на УС Опен во Њујорк.
Шампионот од 2010 година, носител на втората позиција , победи со 6-0 6-2 6-2 на Артур Еш стадионот против човекот кој го исфрли Роџер Федерер во претходниот круг.
Надал, 27, продолжува за да се соочи со Ричард Гаске во полу-финалето, откако Французинот претходно го победи Давид Ферер во пет сета со 6-3, 6-1, 4-6, 2-6, 6-3.
Кога беше направена листата за играње, се ветуваше за прва пресметка помеѓу Надал и Федерер на Флешинг Медоус.
Изгледите на Федеререр завршија со одличната игра на Робредо во четвртиот круг победа над Швајцарецот, но 31-годишниот Шпанец не беше во можност да го предизвика човекот кој во моментов доминира на тврдите терени.
ВИДЕО: Гаске vs Ферер