Надежта на Роџер Федерер дека ќе ја освои шестата титула на УС Опен заврши со шок во четвртиот круг, со поразот од Шпанецот Томи Робредо во Њујорк.
32-годишниот Швајцарец, кој загуби во вториот круг на Вимблдон пред два месеца, изгуби со 7-6 (7-3) 6-3 6-4 на Луис Армстронг стадионот.
Федерер доби само две од 16 брејк-топки и направи 43 непринудени грешки – 20 на неговата омилена форхенд страна – и со тоа тој загуби во два часа и 24 минути.

Тоа значи дека многу очекуваната прва средба меѓу Федерер и Рафаел Надал на Флешинг Медоус нема да се случи, откако Робредо напредува кон четврт-финалето.
” Се чувствувам како сам себе да се победив, без преземање на каков било кредит од Томи”, изјави Федерер.

” Некако како сам себе да се уништив, што е многу разочарувачки, особено на побрз терен. Сервисот ви помага. Мора да се направи разлика некаде. Јас едноставно не можев да го направам тоа. Ова беше фрустрирачки перформанс денес.”, додаде разочараниот Федерер.
