Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усеин: Балканот треба да преземе итни мерки за вработување на Ромите

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Статистиката што ја имаме укажува на итна потреба да се создадат можности за вработување на Ромите и да се промени пристапот во оваа област во земјите од регионот на Балканот – изјави денеска Орхан Усеин, прв човек на акцискиот тим на Регионалниот совет за соработка (РСС) за проектот Интеграција на Ромите 2020 година.

Усеин, овој и другите заклучоци, ги изнесе на отворањето на Регионалната конференција за иновативните пристапи за вработување на Ромите, што заеднички ја органзираат РСС, Платформата за вработување и социјални прашања и Фондот за образование на Ромите, а која се одржува во Будимпешта.

Споредбите помеѓу 2011 и 2017 година покажале дека вработувањето на Ромите е дури и влошена, а таквата состојба се одразува негативно на социјалната состојба на Ромите, беше кажано на Конференцијата. Анализата на спроведувањето на политиката за Интеграција на Ромите за 2017 година, исто така покажала дека само 54 отсто од мерките од акциските планови за вработување на владите во регионот се целосно или делумно спроведени.

Ова го потврди и претставникот на Европската комисија Доминик Бе, кој рече дека, иако сите земји аспиранти за ЕУ од Балканот имаат национални стратегии за интеграција на Ромите, нема никаков напредок во вработувањето, а стапките на младите Роми што немаат работа, пристап до образованието или домувањето, се дури и влошени.

Интеграцијата на Ромите беше поставена од ЕК како еден од важните услови за земјите кандидати или аспиранти за членство во ЕУ уште во 2016 година.

На конференцијата учествуваат преку 50 државни службеници на земјите од Регионот меѓу кои и од Македонија, како и претставници на невладини организации, на УНДП и на Европската комисија.

Будимпешта конференција Роми РСС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.