Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

0
By Нова ТВ on July 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот период, вклученост на младите во сите општествени процеси. Апелираат граѓаните целосно да ги почитуваат протоколите за заштита и на 15 јули да излезат на гласање.

Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби со граѓаните, во помал формат согласно здравствените протоколи. СДСМ и Коалцијата „Можеме“ денеска се во Шуто Оризари и Демир Хисар. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на скопските општини Чаир, Аеродром и Гази Баба.

Карванот на Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ ќе ги посети скопските општини Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, Карпош и Центар. Прес-конференции ќе имаат Демократскиот сојуз,„Твоја партија“…

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера од Прилеп порача дека сме призната држава во целиот свет, остварени се стратешките цели, државата и нејзините идентитет и јазик се признати во светот, економијата е подигната и во државата има пари за граѓаните.

– Имаме свој територијален суверенитет и интегритет. Денеска сме земја членка на НАТО на која и се гарантирани безбедноста и стабилноста. Во оваа наша Република Северна Македонија живеат Македонци и зборуваат на македонски јазик, официјален и признат од целиот свет. И соседите постојано споменуваат македонски народ и македонски јазик, а неодамна во Грција е преведен нашиот Блаже Конески. Денеска добивме сѐ за што се бореле нашите предци. Но, политичките опоненти  продолжуваат со лажен патриотизам да негираат, па дури и Блаже Конески го нарекуваа „Џуџето од Небрегово“, рече Заев на трибината во Прилеп.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Коалицијата „За обнова на Македонија“ вчера беа во Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија.

– Ова не се обични избори, туку избори на кои одлучуваме во каква Македонија сакаме да живееме. Ова се избори меѓу различни концепти, помеѓу стари потрошени политичари кои нема што да понудат и луѓе кои што со себе имаат визија, лично минато но и решение за сите предизвици кои ќе се испречат на патот до нашиот сон, нагласи Мицкоски во Гевгелија. Посочи дека заминува срамното и понижувачко време на корупција, криминал и понижување и дека доаѓаат најдобрите четири години за овој народ со кого повеќе никој нема да владее, најмалку политичките елити затоа што политичарите се тие кои треба да му служат на народот.

 

избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.