Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште две деца оперирани на срце -„Аџибадем Систина“ ги отвара вратите за Балканот

0
By Менче Атанасова Точи on December 7, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 7, 2019 12:37

Две нови операции на срце неделава се извршени на двомесечно бебе и на дете на возраст од една година и осум месеци од страна на тимот за детска кардиохирургија во болницата Аџибадем Систина. Претходно беа оперирани уште две бебиња на девет и 11 месечна возраст. Откако детскиот кардиохируг Владимир Чадиковски и неговиот тим заминаа од кардиохирургија на Жан Митрев во оваа приватна болница, ФЗОМ склучи договор за операции кај бебиња и новороденчиња и додели исто толку финансиски средства и на болницата Аџибадем Систина.

Операциите на бебињата се направени со поддршка на искусен тим од Турција на чело со проф.д-р Тајар Сариоглу, детски кардиохирург од болницата „Аџибадем Бакаркој“ од Истанбул, кој е пионер на детската кардиохирургија во оваа земја.

„Пред две недели веќе направивме две големи операции на отворено срце кај деца во „Аџибадем Систина“. Докторите од Турција се само поддршка на тамошните лекари и ние само ги надгледуваме операциите. Нив ги изведуваат лекари кои се добро обучени и кои се специјалисти во оваа област. Болницата е многу добро опремена за извршување кардиохируршки интервенции и поседува најсовремена опрема“, објасни проф.д-р Тајар Сариоглу пред македонските новинари при посетата во Истанбул, кога се подготвуваше за повторно доаѓање во Македонија.

Потребата за отворање оддел за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ во Скопје, посочува докторот, произлегува од големиот број на пациенти од Балканот кои доаѓаат за срцеви интервенции во Турција.

Заради тоа, се планира овој Оддел за детска кардиохирургија во болницата во Скопје да прерасне во регионален центар каде во иднина да се извршуваат сите видови кардиохируршки интервенции кај деца.

Дотогаш најкомплексните и најтешки операции ќе се препраќаат во болниците на „Аџибадем“ во Турција, вели др. Сариоглу.

Др. Тајар Сариоглу

Тој вели дека во овие болници на годишно ниво се извршуваат околу 600 операции, а над 95 проценти од нив се успешни. Најчести се вродените срцеви аномалии, а од голема важност, како што потенцира проф. д-р Сариоглу, е тие да бидат направени во првите три месеци по раѓањето. Потенцира дека поради специфичноста на детската кардиохирургија, операции кај деца смее да извршува само детски кардиохирург.

„Детската кардиохиргија е многу специфична гранка.Разликата помеѓу детски кардиохирург и кардиохирург за возрасни е огромна. Детскиот кардиохирург мора да биде обучен и да има големо искуство зад себе. Не само кај нас и во Европа и во целиот свет за да оперираш бебе или дете мора да бидеш специјалист за детска кардиохиругија “, објаснува Тајар Сариоглу.

Тим од десетина специјалисти кардиохирурзи, кардиолози, сестри, анестезиолози, перфузионисти со над 20-годишно искуство зад себе ќе им бидат на располагање на македонските лекари од Одделот за детска кардиохирургија. Зад себе имаат повеќе од 15.000 операции.

Државната кардиохирургија веќе не постои. Проектот на здравствените власти за јавно приватно партнерство на тимот од државната кардиохирија со Жан Митрев се покажа неуспешен поради меѓусебна нетрпеливост, по што Владимир Чадиковски како единствен лиценциран детски кардиохирург си даде отказ и замина во Аџибадем Систина.

Сега родителите имаат можност да бираат каде сакаат да ги оперираат своите деца, во болницата Аџибадем Систина или кај Жан Митрев кој има буџет за овие операции до крајот на годината. Најтешките случаи, засега ќе бидат оперирани во Турција.

Во продолжение, разговорот со професорот Сариоглу, снимен во Турција пред да бидат извршени последните две операции на срце во болницата во Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.