Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште двете лаборатории од Скопје и Гостивар земале брисеви за Ковид без дозвола

0
By Менче Атанасова Точи on August 28, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 28, 2020 17:39

Две лаборатории од Скопје и Гостивар земале брисеви за Ковид или вршеле микробилошки тестирања иако за тоа немале дозвола, односно правеле испитувања надвор од дадената дозвола.  Тоа се двете лаборатории чии предмети два месеца чекаат, Министерството за здравство да постапи по записникот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од ресорното министерство не ги соопштуваат имињата на двете лаборатории, но потврдија дека од дополонителните согледувања  ќе утврдуваат дали ќе им биде одземена дозволата за работа.

“Предметите се во постапка во Министерството за здравство во која по добиениот записник од ДСЗИ, министерството ќе побара и дополнителни докази од инспекторатот, а согласно Законот за управна постапка министерството е должно да се обрати и до странките и од нив да побара образложение за непостапувањето во согласност со дозволата за работа, по што ќе оформи мислење и ќе постапи соодветно на утврденото во постапката.

Министерството за здравство постапува согласно член 65, став 2, алинеа 5 од Закон за здравствена заштита, во кој што е утврдено дека министерството донесува решение за одземање на дозволата ако установата врши или вршела дејност која што е спротивна на нејзината дозвола за работа, велат за НОВА од Министерството за здравство.

За разлика од „Ели медика“ од Струмица каде што инспекторите затекнале посебна обележана просторија назначена за земање на брис за Ковид-19, а двајцата лаборанти биле најдени во комплет заштитна опрема како земаат брисеви, во овие две лаборатории, на лице место, не е најден доказ дека тестираат за Ковид-19.

Во едната е добиено усно признание за тоа, додека во другата е утврдено дека се земаат микробиолошки брисеви, но не за Ковид, кои потоа се  работат во друга лабораторија. Нема информација за кого, за чии потреби работеле овие две лаборатории.

“Согласно ова и кај овие две е констатирано вршење на здравствени услуги, надвор од дозволата за работа. Од страна на ДСЗИ се доставени до Министерството за здравство известувања за работа вондејност по кои Министерството ќе одлучува“, велат од Министерството за здравство.

Третата лабораторија за која информираше НОВА, „Ели медика“ од Струмица, според министерството, земала брисеви за Ковид и работела за потребите на Аџибадем Систина. Оваа лабораторија доби забрана од ДСЗИ за вршење на микробиолошка дејност, за тестови за Ковид.

Но, министерството не може да постапува во случајот се додека Второстепена комисија на Влада, не се произнесе по нивната жалба. И покрај тоа што нема дозвола за вршење на ваква дејност,  „Ели медика“ се рекламира, а тестовите за Ковид се со астрономски високи цени од 5500 до 6000 денари за изработка за 48 часа, до 12000 за тестови кои се работат за 8 часа.

Здравствените установи, лабораториите за да можат да вршат здравствена дејност во случајот тестираа и земање на брисеви, мора да добијат дозвола од Министерството за здравство. Составен дел на дозволата за работа на здравствените установи е „листа на услуги“ кои, согласно условите за работа, установата може да ги врши.

Од ресорното министерство информираат дека доколку установата не постапува во согласност со дозволата за работа и врши и други услуги, кои се надвор од одобрената „листа на услуги“, тогаш ДСЗИ врши инспекциски надзор. ДСЗИ може да го утврди прекршувањето и во редовен и во вонреден инспекциски надзор по кој изготвува извештај до Министерството за здравство, по што се одлучува дали ќе им биде одземена дозволата за работа.

Големите приватни болници за кратко време од пандемијата создадоа систем за што побрзо да стигнат до повеќе градови во внатрешноста и ангажираат помали лаборатории да земаат брисеви или да тестираат на Ковид. Ваквите мали лаборатории најчесто склучуваат интерни договори со болниците и земаат брисеви или работат тестови за Ковид без дозвола од ресорното министертво.  Но, со ова ја доведуваат во прашање и сигурноста на тестовите и точноста на резултатите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.