Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште еден апел од ОН: Да се дуплира производството на вакцините

0
By НОВА ТВ on May 14, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антонио Гутерез, генералниот секретар на Обединетите Нации, апелираше да се зголеми производството на Ковид вакцини. Односно Гутерез во средата рече дека производството на вакцините мора барем да се дуплира и истовремено дистрибуцијата на вакцини да биде поеднаква низ светот.

„Целосно е неприфатливо да се живее во свет во кој развиените земји можат да вакцинираат поголем дел од своето население, додека многу земји во развој немаа пристап до една единствена доза,“ рече Гутерез, референцирајќи го фактот дека десетина држави низ светот (многу од нив во Африка) до сега не добиле ниту една доза од вакцината.

„Со оглед на тоа дека вирусот се шири како пожар во различни делови на светот во развој, ризикот од мутации, ризикот од нови варијанти, е таков што ризикуваме да имаме ситуација во која вакцините што постојат денес повеќе нема да бидат ефикасни. Значи, во интерес на сите е сите да се вакцинираат насекаде,“ потенцираше Гутерез.

Оваа недела слична изјава имаше и Тедрос Аданом, генералниот дирекор на Светската Здравствена Организација (СЗО) која е исто така дел од телото на ОН.

„Шокантен е глобалниот диспаритет во пристапот до вакцините останува еден од најголемите ризици за ставање крај на пандемијата,“ изјави Аданом. „Земјите со високи и повисоки примања претставуваат 53% од светската популација, но примиле 83% од светските вакцини. Наспроти тоа, земјите со ниски и пониски средни приходи сочинуваат 47% од светската популација, но примиле само 17% од светските вакцини.“

Земји низ светот апсолутно имаат капацитет за да произведат повеќе вакцини – добар пример за ова е Индија која има големи капацитети за производство на лекови и вакцини. Но проблемот е што само неколку фармацевтски компании знаат како да ги направат вакцините – Фајзер, Модерна итн – и тие компании не сакаат да ги споделуваат инструкциите за како да се направат вакцините кои тие компании ги произведуваат. Зошто? Бидејќи огромни профити се во прашање. На пример, Фајзер очекува да има 26 милијарди долари промет во 2021 само од продажбата на Ковид вакцините.

По голем притисок од страна на активисти, прогресивни политичари и други групи, САД пред една недела изрази поддршка за почеток на преговорите во Светската Трговска Организација (СТО) за делумно олабавување на таканаречените TRIPS закони за интелектуална сопственост кои ги штитат патентите на ново-развиените Ковид-19 вакцини. Со овој одличен потег можеше полека да се зголеми продукцијата на вакцини низ светот и да се спасат илјадници животи. Но брзо по оваа вест, Германија ги блокираше преговорите во СТО по ова прашање.

СЗО го поддржува олабавувањето на TRIPS законите, но за сега очигледно таа поддршка не врши доволно притисок врз моќни држави како Германија. Прашање е дали Германија ќе ја промени својата позиција или пак ќе остави да умираат илјадници луѓе во име на интересот на фармацевтските компании.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.