Во Хрватска вечерва во 22.29 часот повторно беше почувствуав земјотрес, јавуваат хрватските медиуми.
Според ЕМСЦ, магнитудата била 4,5 степени според Рихтер, а епицентарот повторно во околината на Петриња.
За иста јачина јавува и Сеизмолошката служба на Хрватска.
„Вечерва, 9 јануари 2021 година во 22 часот и 29 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа силен потрес во епицентар на 15 км јужно-југозападно од Сисак. Магнитудата на потресот изнесуваше 4,5 степени по Рихтер, а интензитетот во епицентарот VI степени по ЕМС скалата. Потресот се почувствувал на поширокото подрачје“, порачаа од Сеизмолошката служба.
Кус, но силен потрес се почувствува во поголемиот дел од Хрватска и во делови од околните земји. Потресот беше краток, но се почувствува удар и нишање.
Се почувствува и во Загреб.
Како што јавуваат читателите на Индекс, потресот бил почувствуан во Славонија, дури и во Осиек.
Читателите јавуваат дека го осетиле и во Пожега, Книн, Жупанија, Подравска Слатина, Питомача, Вировитица, Лепоглава, Самобор, Славонски Брод, Пакрац, Карловац, Вараждинске Топлица, Запречиќ и други места.
И граѓаните на западните делови од Босна и Херцеговина го почувствувале земјотресот.
„Блиц“ јавува дека бил почувствуван и во Белград.