По двата утрински земјотреси, попладнево по 15:10 часот беше почуствуван уште еден посилен, но не и фатален земјотрес. Земјотресoт е со јачина од 5,1 степени по Рихтеровата скала, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на пет километри од центарот на градот во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од два километри.
Рано утрово во 6 часот и 58 минути во Скопје и југозападниот дел од Македонија беше почувствуван силен земјотрес, а веднаш по него бил почувствуван уште еден послаб.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека двата земјотреси се почувствувани во Скопје и околината.
Првиот се случил во 06 часот и 58 минути со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес во 06 часот и 59 минути со јачина од 2,8 степени по Рихтер.