Трајан Гоцевски: Поранешната Министерка за одбрана,г-ѓа Радмила Шекеринска е избрана за Заменик генерален секретар на НАТО. Тоа официјално го потврди Генералниот секретар на НАТО Руте.
Овој избор е добра вест за Радмила Шекеринска, но одлична вест за Република Македонија. Тоа е огромно призннаание за граѓаните на Македонија,кои секогаш ги подржуваа исправни одлуки на државата за членството во НАТО. Тоа е огромно признание и за Армијата која со својата професионалност,посветеност и стручност се докажа како доверлив партнер на армиите на земјитее членки на НАТО. Времето поминува и позитивно не изненадува. На 18 мај 1992 година Советот за безбедност на Македонија го донесе првиот Заклучок за започнување на постапка за зачленување во НАТО а денеска го имаме вториот човек на НАТО. Огромно признание и за Радмила Шеќеринска и за нејзиното семејство. Радмила,Ви посакувам многу успеси на новата одговорна, во светски размери, позиција.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.