Управата за хидрометереолошки работи на своите платформи за известување на населението, информира за топлотниот бран кој ќе потрае до 6-ти август.

Топлата воздушна маса од југ, предизвикува стабилно,многу суво и исклучително топло време , со натпросечни температури за овој период од годината.

Активирано е портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. На одделни места вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, информираат од УХМР.