Published: Thursday, July 3, 2014 11:12
Жителите на улицата Франклин Рузвелт бр. 46 добија нова, обновена фасада со убави бои, избрани во договор со станарите.
Ова е четврта енергетско ефикасна фасада од планираните 11 фасади кои во договор со станарите ги изведува општина Центар.
Во зградата живеат архитекти и дизајнери, кои што заедно со другите станари го одлучуваа новиот лик на својата зграда.
Ставена е изолација од 5 сантиметри, со што сметките за електрична енергија ќе бидат поевтини за една третина.



