Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште една успешна приказна од Клиниката за детски болести – 4 годишната Ајше за 9 месеци ја победи леукемијата

0
By Mirjana on January 31, 2022 ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за здравство
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 9 месеци лекување од леукемија на Клиниката за детски болести, денеска конечно си отиде дома 4 годишната Ајше, која пред присутните на детската клиника додека го отчукуваше ѕвончето, сподели дека најмногу и недостасувала сестричката Алара.

– На Универзитетската клиника за детски болести едно девојче успешно е излекувано од леукемија, изјави министерот за здравство Беким Сали koj  денеска ја посети Клиниката со цел да види, како што рече, до каде се стигнати градежните работи во Одделот за онкологија, што наскоро се планира да биде отворен.

– Онколошкиот центар на Клиниката за детски болести е еден од поуспешните во регионот и за таа цел дојдов да ја поддржам и понатамошната работа на Клиниката, додаде Сали.

Директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова истакна дека и е драго што се при крај подготовките за отворањето на новиот Регионален онколошки центар.

– Имавме денеска и одење дома на девојченце кое девет месеци се лекуваше од леукемија и успешно заврши лекувањето без никакви последици. Ни беше драго што можеше да го чукне ѕвончето што значи дека среќата кај децата сепак мораме најмногу да ја поддржуваме и почитуваме, а од тука започнува и среќата на возрасните. Имавме еден преубав ден и така нека продолжи и понатаму, рече д-р Софијанова.

Одговарајќи на новинарско прашање таа посочи дека новиот Оддел за онкологија ќе има капацитет за 25 до 30 деца, вклучувајќи ги и посттрансплантационите што досега не беше случај.

– Вкупно прераспределени на двете одделенија имаме околу 20-тина дечиња, додаде д-р Софијанова.

4 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЗА 9 МЕСЕЦИ ИЗЛЕКУВАНО ОД ЛЕУКЕМИЈА Клиника за детски болести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.