Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште една жртва во поплавата и едно исчезнато бебе

0
By Нова ТВ on August 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 9, 2016 11:06

Уште едно дванаесет годишно дете починало во страотните поплави, додека едно шеснаесет месечно бебе е пријавено за исчезнато, соопштија од МВР.

„Вчера околу 17:00 часот лицето И.Г. од Стајковци пријави дека на 06.08 околу 22 часот во близина на раскрсница ул 8 со ул 5 во Стајковци движејќи се со трактор, неговиот дванаесет годишен син Иван Илиев како совозач, а дедото на Иван како возач, во моментот на временските неприлики наишле на голем воден бран кој го превртел тракторот и водата почнала да го носи Иван, кон место викано Попово Маало од каде му се губи трагата. Околу 20:40 пријавено е дека на последната постојка 65 во населба Сингелиќ од страна на неговиот татко било пронајдено починатото дете. По извршена идентификација по наредба на ЈО телото на починатото дете е предадено на фамилијата за погреб.

Вчера околу 18 часот Џ.Ф пријавил дека на 06.08 околу 20 часот во близина на обиколницата Смилковско езеро движејќи се со возило управувано од неговиот брат сега починатиот Фуркан Фејзула во кое како сопатник била неговата шеснаесет месечна ќерка Елиф Фејзула, во момент на временските неприлики наишол голем воден бран, кој почнал да го носи возилото, од кога на детето му се губи секоја трага. Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето“, се вели во билтенот.

Вчера телевизија Телма објави дека семејствата не може да ги погребаат настраданите во поплавите. Во Бутел чекаат десетина семејства кои имаат документи без печат со потпис на кој само пишува лице најдено без знаци на живот. Од гробиштата Бутел не им дозволуваат да ги бземат телата освен со документ кај нотар дека целата одговорност е на роднините. Тие се сомневаат дали потоа ќе добијат документи и дали ќе може да извршат погреб, но и се плашат од правни последици. На овие луѓе, веќе два дена никој од надлежните не се појавил да им појасни што да прават.

поплава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.