Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Успешен референдум отвора перспективи за Македонија

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Успешниот референдум широко ќе и ги отвори вратите на Македонија за членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство со Европската унија, сметаат странските политичари.

Поранешениот министер за надворешни работи на СР Југославија и актуелен генерален секретар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, Горан Свилановиќ вели дека само успешен референдум на Македонија ќе и отвори перспектива и огромен потенцијал.

– Секако дека референдумот е национално прашање. Но, само успешен референдум ќе отвори перспектива и огромен потенцијал. Со него самите граѓани ќе имаат можност да стават точка на спорот што над 25 години го блокираше вистинскиот напредок и интеграциските процеси во земјата, вели Свилановиќ за МИА.

Според него, договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е храбар, голем, историски и охрабрувачки за целиот регион, бидејќи дава свеж потенцијал, не само за соработката во евроатланските интеграции, туку и за натамошниот економски развој на земјата, како и на целиот регион.

– Очекувам по успешниот референдум, земјите членки на Европската унија да ги операционализираат заклучоците на Европскиот совет за почеток на преговорите. За очекување е процесот на преговори да тече со солидно темпо поради фактот што земјата досегна висок ниво на ускладеност на своето законодавство со ЕУ, потенцира Свилановиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, смета дека решавање на спорот меѓу Скопје и Атина, е добро за целиот регион, но оти нема право да го повикува српското малцинство во земјава дали да се гласа на референдумот или не.

– Задоволни сме што Скопје и Атина ќе го решат проблемот, тоа е сигурно добра вест за Белград и за Србија. Но немам право да повикувам или не повикувам кого било на референдум, затоа што тоа би било нефер и е директно мешање во внатрешните работи, а ние ја почитуваме Македонија, рече Вучиќ по вчерашната средба со македонскиот премиер Зоран Заев на граничниот премин Прешево-Табановце .

Амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат во интервју за неделното издание на „Катимерини“ порача дека решението меѓу двете земји ги „отклучува“ односите со северните соседи.

– Договорот од Преспа е важен затоа што ги „отклучува“ односите со северните соседи. Бев импресиониран бидејќи во Солун од бизнисмените слушнав дека се согласуваат, па дури и да не им се допаѓа Договорот од Преспа, дека ако се спроведе ќе создаде важни и нови економски можности. Не станува збор само за Скопје, туку и за историскиот однос на Грција со сите земји од Западен Балкан, фактот дека Грција го дели американското мислење дека овие земји треба да можат да го продолжат нивниот пат до членство во НАТО и ЕУ, ако нивните народи го одберат тоа, вели амбасадорот на САД.

Во Македонија трае кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ за референдумот закажан за 30 септември на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ која ја сочинуваат 30 политички субјекти и стотина различни организации.

Националниот координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО Стево Пендаровски вчера порача дека е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност кон себе, кон сопственото семејство и кон државата во која живеете, на 30 септември да седите дома.

Од Битола Пендаровски, воедно, порача дека референдумот ќе биде успешен затоа што голема е предноста на граѓаните кои сакаат Македонија еднаш засекогаш да биде заедно во друштво со најголемите држави во светот.

– Во договорот со Грција зецементиран е македонскиот идентитет и македонскиот јазик и тоа ќе биде признаено од целиот свет, од меѓународните организации почнувајќи од најголемата Обединети нации каде македонскиот јазик ќе се преведува на сите шест официјални јазици во ОН каде членуваат 193 држави членки. Неможам да видам аргумент на страната на оние кои велат дека договорот е капитулантски, дека не треба да биде поддржан, а особено неможам да видам аргументи кај оние кои тврдат дека ние воопшто не треба да се асоцираме кај двете најголеми меѓународни организации, Европската унија и НАТО затоа што наводно тие биле на заминување, во распаѓање и дека час поскоро треба да се оддалечуваме наместо доближуваме кон нив, рече Пендаровски.

Премиерот Зоран Заев заедно министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на отворањето на 23. Пензионерски спортски игри во Радовиш истакна дека мерките за обезбедување повисок стандард, грижа и заштита на пензионерите се приоритет на Владата и додаде дека тоа ќе биде полесно остварливо по влегувањето во Европската унија.

– Ги следиме европските пракси, гледаме како живеат пензионерите во земјите од Европска унија, поспокојно и покомотно, и токму затоа секојдневно работиме, затоа и стратешките чекори кои ги преземаме водат токму кон Европската унија. Тие чекори се за да го кренеме стандардот на достоинствено ниво какво што доликува на секој, кој чесно си ги изразботил своите продуктивни години, и треба да ги ужива пензионерските денови исправено и горделиво, рече Заев.

Договор Грција референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.