Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Успешна за кого?

0
By Zoran Ivanov on May 30, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 30, 2026 11:37

 Велат успешна држава. А улиците? Граѓаните гледаат преполни контејнери, депонии, кучиња по улици и проблеми што се повторуваат со години. Велат успешна држава. А безбедноста? Секој месец нови приказни за насилство, злоупотреби, институции што доцнат и граѓани што се чувствуваат оставени сами. И сега реалното прашање не е дали владата е три пати поуспешна. Прашањето е: успешна за кого?

Ана С Глас

„Сегашната Влада е два и пол до три пати поуспешна“.

Добро.

Ајде малце да го анализираме овој успех што нашиот премиер го гледа. Бидејќи колку што сум активна, колку што слушам луѓе, колку што гледам коментари, разговори и реалност на улица, граѓаните не изгледаат баш толку воодушевени. Можеби ние не гледаме добро. Можеби премиерот има некои розови очила што покажуваат друга Македонија.

Еве малце факти.

Велат успешна држава.

А во државава жените и понатаму умираат откако претходно барале помош. Во последните години десетици жени беа убиени, а анализите покажуваат најмалку 26 жени убиени во период од пет години, при што многу случаи претходно биле пријавувани и институциите знаеле за насилството.

Велат успешна држава.

А домашното насилство? Огромен број жени сметаат дека насилството е широко распространето, а многу жртви и понатаму не добиваат навремена заштита. Околу 60% од жените сметаат дека насилството врз жени е чест проблем.

Велат успешна држава.

А младите? Младите не прават редици за да останат. Прават редици за пасоши, визи и авиобилети. Истражувања покажуваат дека над половина студенти размислуваат да си заминат, а десетици илјади веќе се надвор. Само негативната миграција и понатаму продолжува и државата губи луѓе секоја година.

Велат успешна држава.

А населението? Македонија има континуиран пад на население и институциите, меѓународните организации и економистите предупредуваат дека иселувањето е еден од најголемите проблеми.

Велат успешна држава. А улиците? Граѓаните гледаат преполни контејнери, депонии, кучиња по улици и проблеми што се повторуваат со години.

Велат успешна држава.

А безбедноста? Секој месец нови приказни за насилство, злоупотреби, институции што доцнат и граѓани што се чувствуваат оставени сами.

И сега реалното прашање не е дали владата е три пати поуспешна.

Прашањето е: успешна за кого?

Затоа што ако успехот се мери по тоа колку луѓе си заминуваат, колку жени остануваат незаштитени, колку луѓе губат доверба и колку граѓаните секој ден се чувствуваат пофрустрирани, тогаш да … можеби навистина гледаме некој „успех“.

Само не истиот успех што ни го продаваат на прес-конференции.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

ана с. глас колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.