Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен суд во експресна постапка ја стави партиската пред граѓанската волја

0
By Сашка Цветковска on February 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 24, 2016 15:58

Уставниот суд ја прифати иницијативата за измени во Законот за помилување со којшто на претседателот на државата во иднина ќе може да му се овозможи да помилува лица осудени за изборни измами и нерегулароности, но и тероризам, педофилија и други тешки дела коишто во 2009 станаа тргнати од истиот закон. За прифаќање на иницијативата гласаа 5 судии, а се противеа четворица.

Иницијатива предизвика контроверзи во јавноста и поради фактот што истата доаѓа веднаш по покренувањето на обвиниение од страна на Специјалното јавно обвинителство против поранешни министри и високи функционери на партијата на власт токму за изборни нерегуларности, но и поради брзината со којашто Судот одлучи да расправа по иницијативата. И дел од уставните судии на расправата коментираа дека немало случај кој во процедура влегол во толку краток рок.

Иницијативата во Судот пристигнала на 5 фебруари, на судијата Никола Ивановски му била предадена на 8 фебруари, на 10 фебруари стигнало и мислење од Собранието и од Владата, а денеска веќе се расправаше и одлучуваше за истата. Во дел од расправата дел од судиите дури и го прашале Ивановски како успеал толку бргу се да заврши додека во фиоките му лежеле иницијативи стари и по неколку години.

-Ние сме имале тешки одлуки кои во моментот имале даден политички контекст. Секој има свое мислење, но немаме коментар, рече службеничката од Уставниот суд која ги брифираше новинарите по донесувањето на одлуката.

Кој бил „за“ а кој „против“

На ваквата одлука се противеле судиите Наташа Габер – Дамјановска, Гзиме Старова, Исмаил Дардишта и Сали Мурати, додека судиите Јосиф Јосифовски, Никола Ивановски Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Елена Гошева, претседателка на Судот, биле „за“. Образложението на оние со чии гласови се прифати ваквата одлука е дека иако законот каков што е не е неуставен, сепак, му се одземале ингеренции на Претседателот на државата и дека тој самиот требал да биде оставен да проценува кого и за какви дела ќе помилува.

Судиите кои не се согласуваа сметаат дека во Уставот е прецизно наведено дека помилувањата се ограничуваат со закон.

Специјализираниот портал за известување за владеење на правото „Сведок“ објави дека постои можност да се расправа и конфликт на интереси во Уставниот суд бидејќи Судијата Јосиф Јосифовски кој гласал „за“ му е татко на шефот на кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов, Борис Јосифовски.

Мистериозен доставувач на иницијативата

Единствените информации за лицето кое ја доставило иницијативата до Уставниот суд се дека тој се вика Ристо Китевски и по професија е адвокат. Во обид да поразговараме со Китевски и да го прашаме за мотивите за поднесувањето на оваа иницијатива, НОВА стапи во контакт со голем број адвокати, но се чини дека никој не чул за овој нивни колега.

Неговото име или минат труд не го регистрира ниту пребарувачот „Гугл“, а негов контакт не пости во именикот на адвокатската комора. Единственото име Ристо Китевски кое е споменато во контекст на правото е на еден документ од Министерството за правда во којшто е запишано дека лице со истото име и презиме се пријавува за јунска сесија на испити по уставно и кривично право.

Инаку, Владата и Собранието дале негативно мислење за оваа иницијатива. За опозициската СДСМ, пак, нема дилема дека зад неа стои партијата на власт која на овој начин се обидува да си ги сокрие трагите.

Партиски реакции: Судиите се политички мотивирани

-Со одлуката на петте партиски послушници на ВМРО ДПМНЕ во Уставниот суд Никола Груевски ја призна вината на своите најблиски соработници. Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза. Највисоките претставници на партијата на власта се веќе осомничени за злосторничко здружување и изборна измама. Тоа е потврдено и до Специјалното обвинителство, рече Петре Шилегов од СДСМ.

Остра реакција пристигна и од пратеникот на Демократскиот сојуз, инаку коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, Павле Трајанов кој истакна дека судиите се политички мотивирани и ја злоупотребиле својата функција.

-Со денешната одлука Уставниот суд создава законска можност за легализација на фалсификување на правото на глас и изборен грабеж. Ако некој може да ги крши основните цивилизациски вредности, да владее со кршење на изборните правила, да ја менува волјата на граѓаните со закани, притисок, со коруптивни понуди, да ги руши темелите на демократијата, а за тоа да може да биде амнестиран, е надвор од било какво владеење на правото и правда, изјави денеска претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.

Во фиоката на Уставниот суд седи и иницијативата за оценување на уставноста на постоењето на Специјално јавно обвинителство. Истата ја поднел адвокат од Св. Николе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.