Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен: Законот за абортус легален

0
By Нова ТВ on October 8, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд нема да поведе постапка за законот за абортус. Според мнозинството судии законот не го ограничува правото на жената слободно да одлучува дали ќе ја прекине бременоста или не, туку одредбите во него се во интерес на нејзиното здравје.

Според судијката Наташа Габер Дамјановска, овој закон воведува административна обврска за бремената жена и се ограничува нејзиното право да одлучува самата за себе. Таа вели жената треба да бара одобрување од државата за својот физички интегритет, со што се дискриминира бремената жена, која треба да бара одобрение од некои комисии за едно навистина интимно и сензитивно прашање.

За ниту една друга медицинска интервенција, тоа не е потребно. Зарем мора силувана жена да бара потврда од јавниот обвинител? Зарем мора мајка со мртов плод да чека три дена на писмено одобрение? Зарем мора малолетна девојка да добие дозвола од родителите, рече Габер Дамјановска.

Судијата Сали Мурати пак целосно се спротиставува на абортусот. Според него абортусот не е исклучиво право на мајката, туку и на таткото, на поширокото семејство и на општеството.

Ние треба да го заштитиме нероденото дете, чиј живот почнува со зачнувањето. Оваа година се регистрирани повеќе прекини на бременоста отколку породувања. Имало 30 илјади абортуси наспроти 24 илјади новороденчиња. Во светски рамки, секои 30 секунди има насилен прекин на бременост. Ако продолжи овој тренд, ќе се уништи човештвото, објасни Мурати.

Невладините организации кои ја поднесоа иницијативата пред Уставниот суд кусо искоментираа дека се вџашени од изнесувањето приватни а не правни мислења во Уставниот суд.

Невладините сметаат дека обврските за писмено барање, задолжително советување и чекање дозвола претставуваат на психичка, административна и временска тортура врз бремената жена.

Денешната седница на судот траеше околу два часа а поминати беа цели 18 точки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.