Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за да ја оценува постапката за носење на буџетот за 2013 година, кога од собраниската сала беа исфрлени пратениците од опозицијата, а од галеријата новинарите, владеачкото мнозинство по инцидентите го изгласаа новиот буџет.
Една од причина која ја наведе Уставниот суд на денешната седница е што донесувањето на буџетот во собраниските комисии е уредено со деловникот на Собранието и ако тој е прекршен, за тоа не е надлежен Уставниот суд.
Уставните судии оценија дека важноста на овој буџет била до 31 декември 2013 и овој документ нема правна важност, па според нив не постои правна основа да се разгледува.
Во претставката до Уставниот суд беше наведено и спорниот начинот на кој беше донесен буџетот за 2013 -та при што немаше потпис од претседателот на комисијата надлежна за неговото разгледување.




