Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд го укина Законот за одредување на казните

0
By Нова ТВ on November 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната да биде укинат.

Како што потврдуваат од Уставен, судиите констатирале дека законот е уставно проблематичен и треба да биде укинат.

Одлуката ќе стапи на сила по нејзиното објавување во Службен весник, со што и, укинатиот закон повеќе нема да биде дел од правниот поредок. Законот е донесен во 2014 година.

Иницијативата со која се оспорува Законот за одредување и одмерување на висината на казната е поднесена од Христијан Георгиевски, адвокат од Куманово.

Што е проблематично

Георгиевски во изјава за Академик. мк во септември објаснува дека овој Закон не е во согласност со Уставот на Република Македонија ниту со другите закони кои ја регулираат оваа проблематика, поточно кривичната област на законодавството, односно дека не соодветствува во совршена правна кохезија и целина со правниот поредок на Република Македонија.

-Иако интенцијата на законодавецот, додава адвокатот, била полесно имплементирање на Законот за кривичната постапка, како и за олеснување на спогодувањето меѓу обвинителите и обвинетите за висината на кривичната санкција, сметаме дека со него се врши категоризација на кривичните дела и се определуваат нивоа на кривичните дела, како и нови распони на минимални и максимални казни во рамките на новововедените категории, а тоа е можно само со Кривичниот законик, објаснува Георгиевски.

Христијан Георгиевски (Фото Академик.мк)

Оттука, според него, начинот на определување кое кривично дело во кое ниво би спаѓало не само што нема законска основа, туку е нејасен, без конзистентни критериуми. Како може на судиите да им ги врземе нозете, а од нив да бараме да трчаат?!

-Како што е поставен самиот закон, судиите ќе бидат ’обични препишувачи на табеларни прикази на казни‘, без притоа да имаат предвид околности поврзани со самите личности кои ќе се јавуваат како сторители на кривични дела. Никој, па ни законодавецот, не смее да ги ограничува судот и слободното судиско убедување во делот на оценување кои околности се важни за избор и одмерување на кривичната санкција. Самото слободно судиско убедување е израз на судската независност во одлучувањето и е особено важен принцип во кривичното право и теорија, особено имајќи го предвид фактот што слободата на судиското убедување не значи самоволие и арбитерност на судиите, туку оцена во рамките на законски изведените докази врз кои судот ја заснова својата одлука, вели адвокатот Георгиевски.

Ваквото негирање на принципот на слободно судиско уверување, според Георгиевски, го уназади одмерувањето на казните како суверено и самостојно подрачје на самите судии, а особено имајќи предвид дека постојат решенија кои се во колизија со овој закон и со Кривичниот законик.

Негово укинување побараа и повеќето адвокати и универзитетски професори укажувајќи дека со Законот се губат индивидуализацијата на казната и слободното судиско убедување и дека се неспорни неговата контрадикторност и неусогласеност со темелните вредности на Уставот.

Закон за одредување на казните укинат Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.