НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

0
By Ана Василевска on May 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка по иницијативите на Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје, во врска со прислушкуваните материјали.

Како што инфомираат оттаму, Судот оценил дека членот 110 од Законот за Јавното обвинителство не е во спротивност со Уставот и одредбите на кои се повикуваат подносителите.

„Од направената анализа и изнесената фактичка состојба произлезе дека законодавецот јасно, прецизно и недвосмислено ги пропишал начинот на користење и уништување на материјалите и транскриптите од незаконски прислушуваните материјали со прецизирање на рокови за уништување на истите, категорично задолжувајќи го Јавното обвинителство што да прави во конкретни започнати и незавршени обвиненија и предмети поврзани со неовластено прислушуваните материјали“, стои во соопштението од Уставен.

Дополнуваат дека се осврнале и на едни од носечките наводи содржани во иницијативите според кои материјалите од незаконски следените комуникации не се докази прибавени во согласност со закон и истите не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука и дека оспорените одредби се ретроактивни.

„Притоа, во расправата по однос на првиот навод, како аргумент беше изнесена и праксата на Европскиот суд за човекови права, но и домашната судска пракса по ова прашање, како и релевантната законска регулатива, а посебно член 12 став 2 од Законот за кривичната постапка. Сепак она што го прави овој навод неоснован, а тоа е што постои разлика помеѓу поимите „прибавување“ и „создавање“ докази. По однос на вториот навод, се зазеде став дека оспорените одредби немаат ретроактивно дејство на штета на граѓаните против кои претходно биле поднесени обвиненија“, дополнуваат оттаму.

Подносители на иницијативите се Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје.

Во продолжение одлуката во интегрална форма:

Поради интерес на јавноста Уставниот суд информира дека одлучи да не поведе постапка за членот 110 од Законот за Јавното обвинителство  оспорен во предметите У.бр.19/2022 и У.бр.39/2022, што значи тој член останува во правниот промет.

Имено, Уставниот суд оцени дека во функција на заштита на уставно загарантираните основни слободи и права на човекот и граѓанинот, законодавецот со оваа одредба го имал предвид општиот интерес и јавното значење, општествена оправданост, соодветност односно неопходност, пропорционалност, односно сразмерност и истата не е во спротивност со Уставот и одредбите на кои се повикуваат подносителите.

Од направената анализа и изнесената фактичка состојба произлезе дека законодавецот јасно, прецизно и недвосмислено ги пропишал начинот на користење и уништување на материјалите и транскриптите од незаконски прислушуваните материјали со прецизирање на рокови за уништување на истите, категорично задолжувајќи го Јавното обвинителство што да прави во конкретни започнати и незавршени обвиненија и предмети поврзани со неовластено прислушуваните материјали.

Судот, се осврна и на едни од носечките наводи содржани иницијативите според кои материјалите од незаконски следените комуникации не се докази прибавени во согласност со закон и истите не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука и дека оспорените одредби се ретроактивни. Притоа, во расправата по однос на првиот навод, како аргумент беше изнесена и праксата на Европскиот суд за човекови права, но и домашната судска пракса по ова прашање, како и релевантната законска регулатива, а посебно член 12 став 2 од Законот за кривичната постапка. Сепак она што го прави овој навод неоснован, а тоа е што постои разлика помеѓу поимите „прибавување“ и „создавање“ докази. По однос на вториот навод, се зазеде став дека оспорените одредби немаат ретроактивно дејство на штета на граѓаните против кои претходно биле поднесени обвиненија.

Подносители на иницијативите: Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје.

Содржина на оспорената одредба:

(1) Јавно обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали.

(2) Исклучок од ставот (1) на овој член се предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесени до надлежен суд до 30 јуни 2017 година согласно со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

(3) Материјалите и транскриптите од материјалите од незаконски прислушуваните материјали за предметите покренати по 30 јуни 2017 година можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог и истите не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката по поднесениот обвинителен акт или обвинителен предлог.

(4) Материјалите од ставот (3) на овој член ќе се уништат во рок од три месеци по завршување на постапките по вонредни правни лекови на предметите од ставот (3) на овој член согласно со одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки утврдени со закон. Записниците за уништување се доставуваат до Jавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Напомена: Поради интересот на јавноста Уставниот суд објавува дел од аргументите, целото решение ќе биде објавено наредните денови кога во Судот ќе бидат завршени административните процедури.

Светски македонски конгрес Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.