Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд за шест дена ќе одлучи за помилувањето изборни нерегуларности

0
By Нова ТВ on March 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 10, 2016 16:21

Следната седница на Уставниот суд на која ќе се донесе конечната одлука дали ќе има измени во Законот за помилување ќе биде одржана во среда на 16. март.

Во следната фаза судијата-известител по добивањето или недобивањето на мислењето од парламентот ќе поднесе предмет за кој со просто мнозинство уставните судии ќе треба да одлучат дали ќе го уважат, неуважат или ќе го отфрлат предлогот за менување на правата кои законски од 2009 година му се ускратени на шефот на државата.

Доколку и во втората фаза помине Иницијативата за ваква измена, која наиде на бурни реакции во јавноста и протести пред судот, тогаш претседателот ќе има зголемени ингиренции и ќе може да помилува затвореници кои се осудени за изборен криминал, кривични дела против полова слобода и морал и недозволено производство и пуштање во промет на дрога.

Подносител на Иницијативата е Ристо Китевски – млад адвокат од Охрид кој е соработник во канцеларијата на Љубчо Наумовски, еден од адвокатите на Јанкулоска и Темелко – осомничени за злосторничко здружување и изборен фалсификат во случајот „Титаник“ кој е во тек.

Иако Собранието и Владата пред неколку дена се изјаснија и оценија дека не треба да се менува или преиначува спорниот член од важечкиот Закон за помилување, сепак, Уставниот суд вчера најави дека ќе побара мислење од парламентот. Од Собранието засега нема коментар.

Без разлика на мислењето на Собранието, од судот најавија дека постапката ќе тече според правилата.

Денеска и Европската унија реагираше со став дека иницијативата за помилување е спротивна на одлуките на Собранието и политичките партии и ги минира напорите на ЕУ и САД за кредибилни избори.

Според портпаролот на комесарот Јоханес Хан, секоја сугестија за неказнивост во однос на изборните злоупотреби ќе бидат контрапродуктивни за напорите на меѓународната заедница која сака да се создадат услови за кредибилни избори.

“Во однос на влијанието што тоа би можело да го има на предвремените парламентарни избори, како што предвидува договорот од Пржино, нивната цел е да бидат клучен чекор во реформскиот процес кој ќе ја врати довербата на граѓаните во изборниот процес и ќе и помогне на земјата да ја надмине политичката криза”, вели Маја Коцијанчич во име на ЕУ на прашање на НОВАТВ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.