Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставните измени утре ќе се најдат пред пратениците

0
By Соња Петрушевска on October 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре закажа седница на Комисијата за уставни прашања на која ќе се отвори дебата за владиниот предлог за уставни измени. Собраниската седница на која ќе треба да се гласа по Предлогот за пристапување кон уставни измени ќе се одржи во понеделник.

Од СДСМ денеска ги повикаа пратениците од ВМРО ДПМНЕ да ги подржат уставните измени.

„Предлог уставните измени се јавно објавени и се достапни до целата јавност. Секој граѓанин, секој пратеник може да ги погледне и да се увери во вистината. Со предлог измените се потврдува сето она што го говоревме изминатиот период. Идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени. Паѓаат во вода сите лажни вести и измислени конструкции за наводно загрозување на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја“ рече пратеникот Александар Кирацоски од СДСМ.

Според Кирацоски со уставните измени се зацврстува историскиот континуитет на македонската државност, се обезбедува поцврста гаранција на границите и територијалниот интегритет и се обезбедува грижа за Македонците и иселениците од Македонија во странство, согласно меѓународните стандарди, без мешање во внатрешните работи на било која друга држава.

Кирацоски ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и закани.

„Овие закани доаѓаат од раководството на ВМРО ДПМНЕ , но пратениците треба да знаат дека институциите им стојат на располагње за да ги заштитат и да се чувствуваат безбедни“ кажа Кирацоски.

Тој тврди дека во контактите што ги имал со пратеници од ВМРО ДПМНЕ „бил пријатно изненаден колку истите стојат на линија на оваа историска обврска и одговорност и се за клучните измени во Уставот на Република Македонија“.

Од ВМРО ДПМНЕ негираат дека партијата вршела притисок врз своите пратеници.

„ Шпекулации се наводите дека пратениците добивале закани или пак дека биле под притисок од партијата. Власта е таа која се заканува и уценува “ рече портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски.

Според Арсовски  шпекулации се и наводите дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ прифатиле да гласаат за промените на Уставот предвидени со преспанскиот договор.

Според Деловникот секој пратеник и во Комисијата и на пленарната седница може да зборува повеќепати, но не вкупно повеќе од 20 минути.

Ако Собранието на пленарна седница со најмалку 80 гласа донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот, се преминува кон втората фаза – подготовка и утврдување на нацрт-амандманите за што се потребни 61 глас. По ова се организира  јавна дискусија и следува третата завршна етапа од постапката за измена на Уставот.

Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со најмалку 80 гласа, а за амандманот на преамбулата освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

Владата вчера на вонредна седница усвои Предлог за четири уставни амандмани  – за додавање на додавката Северна во името Република Македонија, за измени во Преамбулата, и за измени во членовите 3 и 49.

Според роковите пропишани во Деловникот, целата постапка за уставни измени може да заврши најрано за три и пол месеци, но Претседателот на Собранието Џафери рече дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот, на 20 пратенци и на претседателот на Собранието.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.