Во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, новосоздадената епархија Тетовско – гостиварска го доби својот митрополит. На таа функција беше интронизиран досегашниот епископ велички, кој од сега е митополит Тетовско – гостиварски г. Јосиф.
Со литургијата чиноначалствуваше ахиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополити и епископи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
„Од тебе очекуваме да бидеш постојано исполнет со страв божји и љубов кон верата и народот, да ја чуваш и прославиш службата како пратеник Христов. Како млад не се обесхрабрувај, туку надевај се на бога“, му порача ахиепископот г.г. Стефан на новоизбраниот митрополит.
„Почитувани тетовчани, гостиварчани и жители на мавровскиот и горнореканскиот крај, неможам да не го изразам мојот восхит што Господ ме предал на вашите молитви, да бидам ваш слуга. Колку сме – толку сме, благословени да сме. Бог да не отрезни, да не губиме надеж и да се грижиме за она што ни е најважно“, рече митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф.




