Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усвоена Програмата за економски реформи 2021-2023, во фокусот 20 приоритетни мерки

0
By Нова ТВ on January 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 26, 2021 14:22

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023. Овoj стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи кои треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

Во Програмата за економски реформи 2021-2023 се опфатени 20 приоритетни мерки (реформски области), кои треба да се спроведат во наредните три години во насока на реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на деловното окружување и намалување на сивата економија, поддршка на истражување, развој и дигитална трансформација, регионално економско поврзување, образование и вештини, социјална заштита и инклузија, како и здравствена заштита.

Од аспект на реформата на пазарот на енергија и транспортот предвидени се мерки за зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија, промоција на обновливи извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и имплементација на интелигентен транспортен систем долж паневропскиот Коридор 10.

Во насока на развојот на земјоделскиот сектор предвидени се мерки за подобрување на системите за наводнување, консолидација и дефрагментација на земјоделско земјиште, формирање на земјоделски задруги и подобрување на пристапот до обработливите земјоделски површини.

Програмата предвидува и мерки насочени кон подобрување на деловното окружување и намалување на неформалната економија. Од аспект на подобрувањето на деловното окружување се предвидува рационализирање на парафискалните давачки и формирање на единствен регистар за истите, понатаму формирање на електронски пазар за набавки од мала вредност и поддршка на новоосновани мали и средни претпријатија во помалку развиените региони. Во насока на намалување на неформалната економија ќе се преземат механизми за поттикнување на регистрираните економски активности и трансакции и со фокус на секторите, каде има најголема веројатност за непријавена работа.

Мерките со кои ќе се поддржи истражувањето, развојот и дигиталната трансформација опфаќаат проширување на опсегот на услуги на националната платформа Е-услуги, како и  подобрување на соработката меѓу академската заедница и индустријата.

Во делот на регионалната економската интеграција се опфатени мерки насочени кон поедноставување на прекуграничните инспекциски и царински процедури и зајакнување на внатрешниот пазар во земјата.

Понатаму, ПЕР предвидува активности за подобрување на резултатите од образовниот процес и намалување на неусогласеноста на вештините и квалификациите со потребите  на пазарот на работна сила.  Истовремено, ќе се работи и на спроведување на новиот Закон за социјална заштита, особено во поглед на најранливите категории на граѓани, како и поголема активностна работоспособното население. Во оваа Програма за првпат се вклучува здравствениот сектор, каде се предвидени активности за подобрување на здравствената заштита на населението.

ПЕР 2021 – 2023 ќе се достави до Европската комисија до крајот на јануари 2021 година. По доставувањето, истата ќе биде оценета од страна на ЕК. На крајот, ќе се спроведе дијалог во рамките на Советот на ЕУ со министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите – кандидати за членство од Западен Балкан и Турција. Резултат на дијалогот е донесување заеднички заклучоци врз основа на оценката на ПЕР, со што се даваат препораки за подобрување во економските политики, со цел забрзување на економската конвергенција, зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање на нови работни места.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.