Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усвојувањето на медиумските закони ја загрозува слободата на медиумите

0
By Нова ТВ on December 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 26, 2013 12:08

Настаните во текот на 2013 година, поврзани со медиумската сцена, како и анализата на медиумското информирање, во рамките на програмата „Медиумско огледало“, на НВО Инфоцентарот, недвосмислено потврдуваат дека во Македонија, состојбата со слободата на изразување и слободата на медиумите континуирано се влошува.

Преку целата година доминираа настани кои директно или индиректно ги загрозуваа слободата на изразување и слободата на медиумите во државава, како на пример, апсењето на новинарот Томислав Кежаровски, смртта на сопственикот на неделникот „Фокус“ под сè уште неразјаснети околности, згаснувањето на неколку критички медиуми, зголемениот број на новинари кои останаа без работа, постојаните тужби и закани за тужби кон новинарите од страна на сегашни и поранешни носители на јавни функции, притисоците врз новинарите јавно да им се извинуваат на функционерите и политичарите, како и постојаната пропагандистичка хајка на провладините медиуми против новинарите кои имаат критички однос спрема власта, но и против меѓународните организации и меѓународните експерти за медиуми, слобода на изразување и заштита на човековите права.

Кулминација на ваквите загрижувачки состојби е вчерашното усвојување на Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Овие закони ќе ја зголемат контролата на власта врз медиумите и новинарите, и со самото тоа ќе предизвикаат натамошно влошување на слободата на медиумите и слободата на изразување.

Анализата на медиумското покривање на настаните поврзани со медиумските закони, во рамките на „Медиумското огледало“, покажа дека во јавноста се одвиваше интензивна, жестока и спротивставена дебата за потребата и опасностите од една ваква законска легислатива. Критичарите на законите, и покрај доминацијата на провладините медиуми, успеаја да ги анимираат, и домашната и меѓународната јавност, за критичните точки на предложените законски текстови и да алармираат за опасноста од дополнително загрозување на слободата на изразување и слободата на медиумите.

Критичките медиуми особено информативните портали обезбедија најопсежно информирање кое ги вклучуваше сите засегнати страни и сите ставови поврзани со медиумските закони.

Политички пропагандистичко информирање на оваа тема, беше регистрирано во провладините медиуми. Со различни техники на игнорирање на другата страна и на лични напади, медиумите кои ги поддржуваа законите, главно ја изместуваа дебатата и им даваа приоритет на политичките интереси на власта. Најчесто цел на напади, критики и дискредитации беа критичарите на законите. Во прилозите беше користена техниката на убедување – „кој зборува последен тој е во право“ – односно по критичките ставови на стручната јавност, граѓанските организации или меѓународните претставници, следуваа реакции на владините претставници или на провладини експерти кои ја „заокружуваа“ темата и плански влијаеја врз интерпретацијата на информациите.

Најновиот извештај на „Медиумското огледало“ содржи и анализа на медиумското покривање на апсењето и притворот на новинарот Кежаровски, како и на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2013 година (делот посветен на медиумите и на слободата на изразување).

Мониторингот го опфати периодот, април – декември 2013 година, и во него се вклучени шест дневни весници („Утрински весник“, „Дневник“, „Вест“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Слободен печат“), централни информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („24 Вести“, „Канал 5“, „Сител“, „Телма“, „МРТ1“, „Алфа“ и „АлсатМ“) и шест информативни портали („Плусинфо“, „Либертас“, „А1.он“, „Скај.мк“, „МКД.мк“ и „Курир“).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.