Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре ќе се конституира новото Собрание: Се е подготвено за седницата број 1

0
By Нова ТВ on August 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Четврти август: Седница број 1 на Собранието на Република Северна Македонија, 12 часот, Голема сала“. Во календарот на активности на интернет страницата на парламентот, ова е кусата најава за утрешниот настан – првата, конститутивна седница на Собранието.

На дневниот ред има четири точки: Избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието; верификација на мандатите на пратениците; избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици во собраниската Комисија за прашања за изборите и именувањата и избор на претседател на Собранието.

Не е извесно дали утре ќе бидат завршени сите точки од дневниот ред, ако се има предвид дека функцијата претседател на Собранието е дел од политичкиот договор меѓу партиите што обезбедиле мнозинство за формирање на влада, а тој процес формално ќе започне од утре, пишува „Дојче Веле“.

Претседателот Стево Пендаровски, во вчерашното илинденско обраќање од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, изрази очекување тој процес што побрзо да заврши, со оглед на предизвиците со кои се соочува земјата.

„Сега кога парламентарните избори се завршени, очекувам што е можно побрзо да се конституира новото Собрание и новата влада. Следната влада ќе ја нема комоцијата да не и бидат поставувани тешки прашања во првите сто дена. Актуелните трендови со вирусот нема да дозволат целосно враќање на економијата во погон, а економските проблеми секогаш носат нестабилност и граѓанско незадоволство. Многу порано пред да ги започнеме преговорите со ЕУ, ќе мора да почнеме со практична имплементација на итните правни реформи и да ја интензивираме борбата против организираниот криминал и високата корупција“, рече Пендаровски.

Деновиве беа спроведени голем број техничко-организациски подготовки за утрешната седница, со оглед дека таа за првпат се одржува во изменети околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Поради тоа, Собранието ќе ги отвори вратите за новите 120 пратеници, гости и медиуми, според протоколи за заштита од вирусот, утврдени во координација со Комисијата за заразни болести.

На сите што утре треба да влезат во законодавниот дом, при влезот ќе им биде мерена телесна температура. Бидејќи е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи во друга сала – онаa под Големата купола на собраниската зграда.

„Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радиодифузен сервис МРТ. Пренос од конститутивната седница гостите ќе следат од пленарната сала „Македонија”, каде што ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца, како и во салите 3 и 4 во Прес-центарот на Собранието. За да се избегне поголемо групирање, конститутивната седница ќе може да ја следат најмногу по двајца претставници од секој медиум“, најави собраниската служба.

Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието нема да работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето во прес-центарот.

Ќе претседава Џафери

Рокот за конституирање на парламентот е 20 дена од одржувањето на изборите, а тој истекува утре, на 4 август. Деновиве беше неизвесно кој ќе претседава со седницата, со оглед дека собранискиот претседател во заминување, Талат Џафери, од 24 јули беше хоспитализиран на Инфективната клиника поради пневмонија, а со последователни резултати од тестирањата кои покажале дека е негативен на коронавирусот. Утрово Џафери ни потврди дека ги надминал здравствените проблеми и дека заминува од Клиниката, со што може се очекува утре тој да претседава со конститутивната седница на Собранието.

конститутивна седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.