Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре ќе се потпише договорот за името

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под зајакнати безбедносни мерки шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас утре во регионот на Преспа на грчка страна ќе стават потпис на договорот за решавање на спорот за името, со кој е предвидено официјалното име за севкупна употреба да биде Република Северна Македонија или скратено – Северна Македонија.

На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата е превидено и присуство на високи претставници на меѓународната заедница, високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, но нивното прусуство официјално се уште не е потврдено, иако Могерини самата изјави дека би сакала да присуствува на церемонијата.

По потпишувањето следуваат изјави, а потоа двете делегации се префрлаат на македонска страна, каде е предвидена официјална средба на премиерите Заев и Ципрас, на двете делегации и заеднички ручек.

На почетокот на следната недела, како што информираат од Владата, на владина седница треба да се усвои законот за ратификација на договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван.

За утре во Битола протест најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која не го поддржува договорот и останува на ставот дека нема да даде поддршка за промена на Уставот, а протести од вчера се одржуваат и пред Парламентот во Атина, каде пратениците расправаат за недоверба на Владата на Ципрас и за договорот.

Заев: Балканот има право да биде дел од Европа

Премиерот на Македонија Зоран Заев изјави синоќа во Струмица дека договорот со Грција ќе биде потпишан в недела со што ќе се испрати сигнал за европско однесување и манири во период кога „Балканот раководи со ЕУ“.

„ Важно е што сето тоа се случува во период кога Балканот раководи со Европската унија, односно Бугарија претседава со ЕУ. Посебно сум среќен што на Западна Европа и  испративме сигнали на европско однесување и европски манири, и дека како Балкан имаме целосно право да бидеме дел од Европа, изјави вечерва македонскиот премиер Зоран Заев во Струмица.

Тој нагласи дека и пред склучувањето на договорот со Бугарија имало протести, но ништо не загубиле Македонија и Бугарија.

„ Имаше протести и незгодни зборови пред да се склучи договорот со Бугарија. Откако го потпишавме договорот со Бугарија во Скопје, ништо не загуби Македонија, туку само добија Македонија и Бугарија. Така ќе биде и со Грција, рече вечерва премиерот Заев .

Заев наведе дека договорот со Грција треба дополнително да ја мотивира Европа.

„Договорот со Бугарија ја разбуди Европа и ги насочи очите на Европа кон Македонија. Договорот со Грција треба дополнително да ја мотивира Европа и сите нејзини земји членки.

Во врска со очекувањата за покана за преговори за членство во ЕУ, премиерот Заев вели дека големите пријатели како Бугарија и други држави силно ја поддржуваат Македонија.

„Немаме отворени прашања со своите соседи, бараме шанса да добиеме датум за преговори. Тоа не значи членство во ЕУ. Европа веројатно ќе се реформира и ќе се подобрува, а ние ќе преговараме за да ги подобриме капацитете на институциите во Македонија и верувам дека ќе добиеме шанса да почнеме преговори со Европската унија, нагласи премиерот Заев.

Ципрас: Договорот е од историско значење

Договорот со северниот сосед што е од историско значење за Грција, носи придобивки и на економско ниво, рече грчкиот премиер говорејќи на конференцијата на Економист што се одржа вчера во близина на Атина.

„ Неодамнешниот договор до кој стигнавме по шест месеци тешки преговори со нашите северни соседи за решавање на долгогодишниот спор со името на поранешната југословенска Република Македонија е разврска од историско значење, успех од историско значење за Грција со разновидни придобивки и во економската сфера. Бидејќи пролонгирањето на овој проблем, не само што ги лишуваше можностите од нашата земја, не само што, би рекол, непродуктивно трошеше сили во дипломатијата, туку и ја лишуваше можноста за земјата да создаде силни врски на економска соработка и заеднички развој со нашата соседна земја, рече грчкиот премиер.

 

Договор за спор име потпишување Преспа Ципрас Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.