Утре истекува рокот до кога опозицијата треба да номинира уредник на информативната редакција на МРТВ од експерти на ова поле.
Доколку партиите на лидерска средба која најверојатно ќе се одржи утре, потврдат дека услови за избори има, новиот уредник на јавниот сервис ќе стапи на функција сто дена пред избори.
Согласно договорот од Пржино, до денеска истекува рокот и ад-хок телото формирано од четири члена (два на предлог на опозицијата и двајца на власа) да постигне договор за петтиот член, кој треба да е Албанец. Телото ќе врши проценка на балансираното известување.
Лидерот на опозицијата Зоран Заев завчера изјави дека еден од двата клучни услови, ад хок телото за мониторирање на медиумите се уште не е исполнет не може да биде доволна пречка за лидерската четворка да не се договори за изборите на 11 декември. Сепак, Заев посочи дека е оптимист за договор.
„Повеќе сум оптимист во трагањето по мудроста како да се изнајде доволно аргументација да се избере петиот член. Ад хок телото како што знаеме сите, ги знаеме деталите и очекувањата од него, тоа не е крај на светот и не треба да дозволиме навистина поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите согласно кој ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август ќе објавиме ние претседателите на поголемите партии дека 11-ти декември ќе биде датумот на изборите“, рече Заев.