Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре лидерска средба за преговорите за името

0
By Нова ТВ on May 18, 2018 ПОЛИТИКА
фото: ТВ24
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 18, 2018 15:28

За утре во Клубот на пратениците во Скопје е закажана лидерска средба на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ги информираат претседателот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерите на политичките партии за преговорите со Грција за спорот со името, најави премиерот Заев во Охрид.

-Би сакал да се запази редот, да има информирање за деталите. Прво да му ги соопштам на претседателот на државата, на лидерот на опозицијата, на лидерот на најголемата албанска партија, претседателот на Собранието. Тоа е редот, за да имаме шанса да изградиме национален консензус по вака важно прашање. Веднаш по состанокот ќе дадеме изјава и сето ќе го споделиме со јавноста, рече Заев.

Тој појасни дека министерот за надворешни работи Никола Димитров веќе ги контактира сите поканети на средбата, изразувајќи уверување дека сите ќе бидат присутни на средбата, оттаму што станува збор за премногу важно прашање за да се откаже разговор на темата.

Заев истакна дека на вечерашната закажана средба со партиските лидери не е планирано да се разговара за прашањето околу името, појаснувајќи дека и процесот „Жан Моне“ е посветен на мошне важно прашање, така што целосно ќе биде посветена токму на тој процес.

Премиерот не сакаше да коментира каков е неговиот став како граѓанин, а не како премиер, по однос на можниот предлог што се објавува по медиумите, апелирајќи на трпение за да се даде шанса да успее преговарачкиот процес.

Од Владата потврдија дека покани се испратени до претседателот и до сите политички партии.

Средбата доаѓа по вчерашните разговори на премиерите Заев и Ципрас во Софија, по која Заев изјави дека е утврдена една опција што е прифатлива за двете страни, но дека за неа прво треба да се консултираат со сите релевантни фактори во своите земји.

За утре и грчката Влада најави дека ќе одржи консултации со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за последниот предлог што бил од македонска страна.

Премиерот Заев и претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се сретнат и вечерва во Охрид, во рамки на дијалогот „Жан Моне“, каде што се и лидерите на Беса, на ДПА и на ДУИ, Билал Касами, Мендух Тачи и Али Ахмети.

Дипломатски изори за НОВА потврдија дека „Република Илинденска Македонија“ е  предлогот за решавање на спорот за името, за кој вчера во Софија разговарале македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас. Предлогот бил наводно прифатлив и за грчката страна, која инсистира новото име да важи „ерга омнес“ .

 

 

лидерска средба Преговори за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.