Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре напладне продолжува седницата за избор на нова Влада

0
By Ivana on January 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 15, 2022 18:58

Во Собранието вечерва заврши расправата за избор на новата влада. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поединечните предлог-имиња во новата влада се доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува, а од владејачките партии, пак, сметаат дека се реализирани сите ветувања.

Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре во 12 часот.

Според пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, дискутабилно е прашањето дали станува збор за избор на нова влада, бидејќи, како што рече, изненадувачки е што целата гарнитура на стари ни нови активисти на СДСМ „пеат во еден глас“ дека ова е најдемократски чин по оставката на Зоран Заев.

Таа во своето излагање на собраниската седница рече дека во владата на Ковачевски има 11 кадри на СДСМ, шест на ДУИ, три на Алтернатива и еден на ЛДП, а додаде дека владата на Ковачевски брои девет нови и 11 стари имиња.

-Поединечните предлог-имиња се само доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува и даде шанса. ДУИ, пак, и покрај зелената агенда, докажува дека не е подготовена за никакви промени. Убедена сум дека и самата ДУИ знае дека и тоа како треба да се менува, но и да ги менува ликовите со сомнителни документи за завршено образование. Тоа не се ликови со кои ќе влеземе во Европската Унија. Помалите коалициски партнери во континуитет ја продолжуваат праксата на коалицирање, не смеејќи да не дадат глас и да се спротивстават за сметка на некое семејно вработување или некој тендер, рече Стојановска.

Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз во своето излагање нагласи неколку приоритети на кои треба новата влада да се посвети.

-Прво, доста е со говори, стратегии, платформи за реформи во правосудниот систем, да направиме кредибилен судски систем, законите да важат за сите. Да обезбедиме фер судење и правда, да се преиспитаат монтираните судски процеси. Ако нема правда, нема ниту мир. Ако нема правна сигурност, бега капиталот, но и младите. Второ, од понеделник натаму, силна и бескомпромисна борба против тешките облици на криминал и високата корупција, рече Трајанов.

Тој напомена дека седум институции се вклучени во откривање и сузбивање на криминалот, но тие како што рече, се партизирани, некоординирани. Затоа пратеникот Трајанов предлага Закон за борба против тешките облици на криминал и висока корупција, како и формирање на независна Агенција за борба против криминалот.

-Трето, коренити реформи на изборните правила. Македонија да биде една изборна единица, законски услови за рамноправен политички натпревар. Четврто, имплементација на европските стандарди и реформи согласно поглавјата за членство во ЕУ, независно што и натаму трае блокадата од Бугарија, рече Трајанов.

Исто така, тој напомена дека е потребно да се отвори расправа за системски промени, преку промени на Уставот за јакнење на одговорноста, отворање на расправа за Бадентер, затоа што, како што рече, се злоупотребува или селективно се применува.

-Имаме и конкретни идеи за младите, по завршување на високо образование, да можат  да работат година дена во приватен сектор или државни институции, на сметка на Буџетот. За економските аспекти, енергетската криза, пандемијата и други значајни прашања ќе разговараме и во наредниот период. Но мораме да ги департизираме виталните државни институции, да им дадеме шанса на способните и креативните, на младите, додаде Трајанов.

Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска во рамки на собраниската седница во својата реплика нагласи дека во 2017 година Владата предводена од СДСМ наследи девастиран здравствен систем, и мораше одново да го враќа дигнитетот професијата на лекарите и општо на сите здравствени работници.

Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, новата влада има едвај мнозинство во Парламентот, нема политички легитимет и ја нема довербата од граѓаните, ниту пак идеја како да се соочува со проблемите понатаму.

-Доказ за тоа е владината програма, плагијат на онаа на Заев. Неверојатни 583 пати се споменува зборот „ќе“. Не верувам во чуда, но ќе ви треба чудо да не извадите од гнилежот на Заев. Луѓето сакаат одговори и одговорност, а не спинови и лаги. Народот сака одговорност за Ласкарци, за пожарите кои се случија во летото, за судството, за обвинителството, за економија, за цените, платата, за Клиничката болница, за образование, за незавршен пат Скопје – Охрид, за воздухот, за сите лаги, за јазикот, историја, и за се што е преговарано со соседите за нацијата, додаде Мизрахи.

Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026
ФОКУС
January 15, 2026

Ноќеска европски земји испратија војници во Гренланд

ВЕСТИ January 15, 2026

Германија испраќа 13 војници во Гренланд, потврди германското Министерство за одбрана. Мисијата на Бундесверот ќе…

Данскиот министер за надворешни работи на состанок во Белата куќа: „Имаме фундаментални несогласувања околу судбината на Гренланд“

January 14, 2026

Заврши тричасовната лидерската средба и реши – ништо

January 14, 2026

Зеленски се обрати до нацијата: Ситуацијата во Украина е тешка, најтешко е на фронтот

January 14, 2026
ТИКЕР

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.