Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре нови протести за „Монструм“ – организаторите бараат слобода за затворените

0
By Сашка Цветковска on August 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 7, 2014 13:52

Организациониот координативен совет против процесот „Монструм“ на денешната прес конференција одржана пред споменикот Скендербег во Старата чаршија најави нови протести и ги повтори своите барања за ослободување на доживотно осудените во процесот, кој тие го нарекуваат монтиран.

-Бараме разрешување на обвинителката и судијата во овој случај, како и нивно кривично гонење. Бараме оставка на министерот за внатрешни работи, а од министерот за правда и член на ДУИ бараме да се изјасни по однос на казните за доживотниот затвор на шесте Албанци и за казните од 3 години затвор на 6 албански демонстранти, рече Дамир Лучи од координативниот совет.

Тие повторија дека до исполнувањето на овие барања протестите ќе продолжат. Протестот утре ќе започне во 13 часот каде што демонстрантите најпрво ќе се соберат пред местото Чаирчанка во скопската населба Стар Чаир од каде што ќе продолжат да маршираат кон Битпазар, а формално своите барања уште еднаш ќе ги повторат пред споменикот на Скендерберг во Старата чаршија.

Првите протести кои се случија непосредно по изрекувањето на казните во процесот „Монструм“ каде што на обвинитите им се судеше за тероризам, поминаа во тензична и насилна атмосфера. Во судирите помеѓу полицијата и демонстрантите имаше и десетина повредени полицајци. Демонстрантите обвинија за полициско насилство. Полицијата приведе десетина демонстранти, а шестмина беа осудени на казни затвор од три години. Следните протести беа мирни, иако имаше силно полициско обезбедување. Организаторите најавуваат мирни протести и за утре.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.