Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре ново задолжување на Владата на домашниот пазар од над 15 милиони евра

0
By Нова ТВ on January 11, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За утре е закажана првата аукција на државни записи и обврзници во новата 2016-та година. Владата ќе побара од домашните кредитори речиси 15,5 милиони евра, а во износ на истата сума следниот ден доспеваат за раздолжување стари издадени хартии од вредност.

Според објавените проекции, околу 13 милиони евра ќе бидат позајмени преку државни записи со рок на доспевање од 6 месеци, односно 1 година. Останатите 2,4 милиони евра ќе се обезбедат преку државни обврзници, сума што ќе треба да се врати за 10, односно 15 години. До крајот на месецов се закажани уште две аукции, а заклучно со јуни следуваат уште 23 аукции. До средината на година по основ на издадени и доспеани за исплата државни хартии од вредност државата треба да врати над 491 милиони евра.

Неодамна дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, изјави дека досега немало толку многу аукции како во календарот за годинава, особено во предизборните месеци.

– Според календарот само во 2 од 26 вторника (вторник е ден кога се одржуваат аукциите) не се предвидени задолжувања. Првиот вторник беше 5-ти јануари, кога ниту законски не беше можно да има аукција и нареден вторник кој е пропуштен е 24-ти мај, кој пак е неработен ден. Дури во јануари една аукција, наместо во вторник е закажана за среда, односно на 20-ти јануари, затоа што тој вторник е неработен ден. Во предизборните месеци се закажани аукции за скоро сите вторници, особено во март кога има 5 аукции, изјави Наумов.

Токму задолжувањата на домашниот пазар на крајот на минатата година беа причина за конфликт помеѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, за што Наумов стави вето, кое беше одбиено од страна на стариот состав на ДИК, а СДСМ поднесе тужба до Управниот суд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.